Тајна, која се крие под хотелот на славните | Фото/Видео

1097

Култниот њујоршки хотел „Волдорф Асторија“ наскоро ќе ги затвори вратите, а кога повторно ќе ги отвори, за три години, само еден мал дел од зградата, во која денес е сместен, ќе служи како хотел, додека останатиот дел ќе се изнајмува.

Хотелот со богата историја од своето отворање угостил голем број славни и познати личности, кои тука не само што престојувале работно, туку и живееле.

„Волдорф Асторија“ има голема важност, поради што има и сопствена железничка линија, позната како Трак 61, со која ВИП гостите, меѓу кои и американските претседатели, пристигнувале до хотелот.

Елеонор Рузвелт, принцеза на Норвешка со принцезата Julулијана и Томас Вотсон

Овој хотел е изграден кон крајот на 19 век, но зградата, во која се наоѓал е урната во 1929 година, поради просторот потребен за изградба на Емпајр стејт билдинг. Сепак две години подоцна е изградена многу поубава Асторија, која и денес изледа моќно и гламурозно.

Семејството Хрушчов во Валдорф Асторија во 1959 година

Од своето отворање па се до раните ’60-ти години од минатиот век со висина од 190 метри, Асторија се гордееше со титулата највисок хотел на светот, која тогаш му ја предадена на еден хотел во Москва.

Елизабет Тејлор и Френк Синатра

Гласот за луксузниот хотел набргу се прошири, па во него почнаа да живеат, а не само престојуваат многу славни личности. Едвард Седми, кој абдицира од престолот, тука живееше дваесетина години. Во ’60-те години со сопругата се доселил и Френк Синатра, а легендарната Мерлин Монро тука живееше кон средината на педесетите години и плаќаше неделно изнајмување од илјада долари. Можеби сега тоа не изгледа многу, но во тоа време, тоа била енормна сума.

Мерилин Монро со организаторот на парисклиот бал Елса Максвел во април 1957 година

Исто така хотелот бил омилено место на сите американски претсдатели, почнувајќи од Херберт Хувер, за време на чиј мандат Асторија е отворена (новата Асторија). Сепак таа традиција ја прекина Барак Обама, бидејќи неговото обезбедување заклучило дека мора да е во побезбеден хотел, што и да значело тоа.

Херберт Хувер кој живеел во Валдорф повеќе од 30 години од крајот на неговото претседателство

Токму и со американските претседатели најчесто е поврзана и споменатата линија Трак 61. Таа сообраќала од Големата централна станица се до подножјето на хотелот, така што доколку станувало збор за важен гостин, тој патувал до хотелот по подземен пат и потоа со таен лифт до својата соба.

Овој начин на патување особено го практикувал Френклин Рузвелт. Тој патувал на овој начин, бидејќи верувале или не одредено време успешно го криел фактот дека се наоѓа во инвалидска количка. По него линијата ја користеле уште неколку претседатели, а веќе неколку децении е напуштена.