СЗО предупредува | Еве за кого „модерна“ вакцината е ризична

300

Светската здравствена организација (СЗО) издаде нови упатства за вакцината против коронавирус Модерна, вклучително и препорака за бремени жени да не примаат вакцина, освен ако не се изложени на висок ризик од инфекција.

Советничка група експерти за имунизација од Светската здравствена организација (САГЕ) издаде низа препораки за вакцината „Модерна“ во вторникот, советувајќи бремените жени да не ја примаат вакцината освен ако не се здравствени работници или се изложени на висок ризик од корона инфекција.

„Иако бременоста ги изложува жените на поголем ризик од тежок вид на ковид 19, употребата на оваа вакцина кај бремени жени во моментов не се препорачува“.

Директорот за имунизација на СЗО, Кејт Обрајан, рече дека се потребни клинички испитувања на вакцината „Модерна“ на бремени жени.

Извештајот исто така нагласи дека вакцината треба да се дава 28 дена помеѓу секоја доза, со можност да се продолжи тој интервал на 42 дена доколку е потребно.

Извештајот на САГЕ исто така ја нагласува потребата вакцината да се користи во установи каде што третманите за алергиски реакции се лесно достапни, пренесува РТ.