ПАТУВАЊА

„Светот е книга, а оние кои не патуваат читаат само една страница“ | Св. Августин

By kukuriku

July 19, 2019

Доколку постојано размислувате за патување во нови земји, што подалеку од вашето родно место, тогаш без сомнение целосно ќе се пронајдете во следниве 15 мисли.

Џон Чивер –  „Ме фаќа носталгија за држави кои никогаш не сум ги посетил и копнеж за места каде што никогаш нема да можам да бидам.“ 

Чарлс Буковски –  „Слушнав како авион ми поминува над главата. Посакав да сум во него.“

Харун Јахуа –  „Отсекогаш сум се прашувал зошто птиците остануваат на истото место кога можат да одлетаат каде било на Земјата, а потоа си го поставувам истото прашање и на себе.“ 

Св. Августин –  „Луѓето патуваат за да лутаат на планинските височини, на големите морски бранови, по долгиот тек на реките, на пространиот опсег на океанот, низ циркуларното движење на ѕвездите и сепак поминуваат покрај нив без да се зачудат.“ 

Џек Керуак –  „Не постои ниту едно место на кое може да се отиде освен секаде, па затоа продолжете да се движите под ѕвездите.“ 

Анаис Нин –  „Ние патуваме, некои од нас засекогаш, барајќи други држави, други животи, други души.“

Анита Септимус –  „Не го одбирате денот кога доаѓате на овој свет и не го одбирате денот кога го напуштате. Тоа што го правите помеѓу може да направи голема разлика.“ 

Лиса Св. Обин де Теран –  „Патувањето е како флертување со животот. Тоа е исто како да кажете: ‘Би останала да те љубам, но мора да одам. Ова е мојата станица’.“ 

Св. Августин –  „Светот е книга и оние кои не патуваат читаат само една страница.“ 

Алан Китли –  „Одвреме-навреме луѓето навистина сфаќаат дека тие не мора да го искусат светот на начинот на кој им се кажува.“

Непознат автор –  „Светот никогаш не направил кралица од девојче кое се криело во својот дом и сонувало без да патува.“ 

Ејс Кревл –  „Попрво би бил во планините размислувајќи за Бог, отколку во црква размислувајќи за планините.“ 

Еудора Велти –  „Преку патувањето прв пат станав свесна за надворешниот свет. Токму преку патувањето го открив мојот интроспективен начин да станам дел од него.“

Итало Калвино –  „Со пристигнувањето во секој нов град, патникот повторно наоѓа минат дел од себе кој не знаел дека го поседува: Туѓоста од она што повеќе не сте или што повеќе не го поседувате ве чека во странството и непосетените места.“