ПРОТИВ ЗАПЕК | Половина шолја е доволна за целосно да ве отвори
Зима е, сите брзо се разболуваат, а еве јануари е и многумина сакаат да ослабат – сувите сливи ќе ви помогнат полесно да се справите со нив.
Сувите сливи се непроценлив извор на здравје. Иако изгледаат како големо, црно суво грозје, нивната внатрешност обезбедува многу здравствени придобивки.
Помагаат при запек
Една чаша сливи има дури 12,4 грама влакна. Токму овие влакна ќе им помогнат на луѓето кои страдаат од хроничен запек. Студиите покажуваат дека пациентите со хроничен запек доживеале подобро закрепнување од половина чаша сливи на ден отколку од psyllium влакна.
Спас кај остеопороза, атеросклероза и згрутчување на крвта
Ако на вашето тело му недостасува витамин К, посегнете по суви сливи. Имено, една порција суви сливи обезбедува 129 отсто од препорачаната дневна доза на витамин К, што значително го помага згрутчувањето на крвта.
Истражувањата покажаа дека недостатокот на витамин К кај постарите лица е во корелација со стеопороза и атеросклероза.
Битни за здравјето на очите
Покрај тоа што се богати со витамин К, тие се и исклучително богати со витамин А. Порција сливи содржи 27 проценти од препорачаната дневна доза на витамин А. Така, сливите се добар избор за здравјето на очите – витаминот А го подобрува ноќниот вид и ја штити рожницата, а корисен е за имунолошкиот систем во целина.
Го намалуваат нивото на шеќер во крвта
Сувите сливи можат да помогнат во контролата на нивото на шеќер во крвта и да го намалат ризикот од дијабетес тип 2. Тие се богати со растворливи влакна, кои помагаат да се одржи стабилноста на шеќерот во крвта со намалување на времето на задржување на храната во стомакот.
Растворливите влакна и флавоноидите, кои исто така се присутни во значителни количини во сувите сливи, се од големо значење бидејќи придонесуваат за зголемување на чувствителноста на телото на инсулин.
Неопходни се за нашата кожа и коса
Витамините и минералите присутни во сливите придонесуваат за убавината и здравјето на кожата со тоа што го намалуваат процесот на стареење и го одложуваат појавувањето на брчките. Ризница се на железото, чиј недостаток може да предизвика губење на косата.
Она на што дефинитивно треба да внимавате е фактот дека содржат многу калории. Само шест до осум парчиња содржат дури 150 калории. Цела шолја сливи има речиси 500 калории! Со оглед на тоа што ќе се „заситите“ и ќе ја задоволите потребата од шеќер, правилното консумирање може да ви помогне и да ослабете.