Напитокот од ѓумбир и лимон кој брзо и едноставно се подготвува е одличен избор за чистењето на телото од токсини. Освен што го поттикнува метаболизмот овој чудотворен напиток ги подобрува и диетите.
Ѓумбирот е силен антиоксидант кој ја подобрува функцијата на црниот дроб и е одличен за детоксикација на организмот. Освен што помага при надуеност, тој и го забрзува варењето.
Лимонот сепак, има пробиотско дејство кое го поттикнува отстранувањето на токсините од телото.
Подготовка
- 3 дл вода на собна температура
- исцеден сок од половина лимон
- 1 см корен од ѓумбир
Подоготовка
Исцедениот лимон и ситно изренданиот ѓумбир додадете во чаша млака вода. Напитокот оставете го малку да отстои и потоа испијте го.
Овој чудотворен напиток може да послужи и како детоксикација и подготовка за диета, но и како здрав утрински напиток кој ќе ви помогне да го исчистите телото од токсините и мастите. По желба можете да го засладите со минимално мед.