Пијат, пушат, се забавуваат. Имаат повеќе од 80 години, а нивниот мозок функционира како да се на 50, која е нивната тајна?
Повеќето многу стари луѓе пушат, пијат и алкохол и кафе, добиваат на тежина, никогаш не престануваат да работат, па дури имаат и трага на деменција во мозокот – но мозок им функционира подобро од повеќето од 50-годишници.
Научниците се збунети со парадоксот кој произлегол од истражувањето 90+, во кој се проучувале луѓе на возраст од 80 до 100 години чии когнитивни способности сѐ уште добро се држат.
На нивно изненадување, луѓето од оваа единствена група немаат изразена експресија АПОЕ 22 на генот, кој се смета заштитен од деменција.
Но, сите тие имаат позитивен пристап кон животот, повеќе од своите врсници, повеќе се грижат за блиските односи, биле многу активни, а исхраната не им била нешто посебна. Новите снимки откриле дека овие супер старци во мозокот имаат поголем процент на редок неврон наречен Economo, исто така, познат и како “социјален” неврон кој е нефункционален кај лицата со аутизам, шизофренија и при биполарно пореметување.
Стилот и погледот на живот сѐ повеќе се гледа како еден од најважните за одржување на когнитивната функција, вели Emily Rogalski, професор на когнитивна неврологија од Универзитетот Нортвестерн од Чикаго.
“Резултатите укажуваат дека постарите луѓе имаат уникатни особености на личноста. А одлична меморија биолошки е можна во подоцнежна возраст и може да се одржува со години, дури и кога постои значителен невропатолошки товар”, рече Rogalsky, а пишува Mail online.
Од групата од 74 луѓе, одбрале 10 супер старци и ги следеле 24 месеци, потоа го анализирале нивниот мозок дури и откако некој од нив починал. Анализите покажале дека учесниците имале концентрација на тау протеинот кој предизвикува деменција, но немале симптоми, а воделе многу активен живот дури и неверојатно за повеќето луѓе постари од 90 години.
Огромното мнозинство (околу 71 отсто) се пушачи, или порано во животот пушеле, а 83 проценти и понатаму редовно пијат алкохол.
Просечната возраст за пензионирање е 68,5 години, но д-р Rogalski рече дека 18 отсто супер старци никогаш не одат во пензија, а останатите обично наоѓаат некоја друга работа или се многу активни во заедницата.
Не постои магична пилула во однос на исхраната, не јадат многу боровинки, згора на тоа многумина јадат хамбургери и помфрит, но спиеле најмалку осум часа по ноќ.
Во споредба со своите врсници, биле многу повеќе друштвени, но тоа е уште еден знак дека осаменоста е тивок убиец. Супер-старите луѓе имаат зголемен број на невронот Economo, но сè уште не е јасно дали тој е движечка сила или симптом. Дали се друштвени заради невронот или нивното дружење, предизвикува поголема количина на Economот во мозокот.
Професорот по неврологија од Универзитетот Калифорнија, д-р. Claudia Kawas, вели дека овие резултати претставуваат предизвик за она што некогаш го познавала со децении во оваа област.
“Јас речиси мислам дека би требало да престанеме да истражуваме и само да почнеме повеќе да го користиме мозокот и телото. Овие луѓе се инспиративни, пијат вино, пијат кафе, добиваат на тежина, но вежбаат и го користат мозокот. Можеби тоа нешто ни кажува”, вели д-р. Kawas.