Потребни состојки за 2 порции
1 лажица маслиново масло 1 чешне лук, ситно исечкано ½ кромид, крупно исецкан 1 поголема главичка брокула, искината на поситни гранчиња 2 ½ шолји вода ¼ лажичка крупна сол ¼ лажичка свежо мелен бибер ¾ шолја рукола (ќе биде вкусно и со поточарка) ½ лимон
Подготовка
Загрејте го маслиновото масло на средна температура и во тенџерето додадете ги лукот и кромидот и динстајте 1-2 минути. Потоа додадете ја брокулата и гответе уште 4 минути или додека таа не постане светлозелена. Додадете ги водата, солта и биберот, дозволете ѝ да почне да врие, а потоа намалете ја температурата и покријте го тенџерето со капак. Варете 8 минути или додека брокулата да омекне.
Ставете ја супата во блендер и додадете ја руколата и блендајте додека добиете мазна текстура. Сервирајте ја приготвената супа со малку свеж лимон.