„Сумамед“ повлечен од слободна продажба во земјава

496

Антибиотикот „сумамед“ (азитромицин) отсега ќе се издава само на бел рецепт на товар на Фондот за здравствено осигурување, односно, тој е повлечен од слободна продажба во земјава, велат извори од Министерството за здравство.

Ваквиот потег, според нашите извори, бил изнуден, бидејќи некои граѓани почнале да го купуваат во големи количини, иако нема потреба за тоа.

Сумамедот е антибиотик за кој во некои првични студии се посочува дека во комбинација со лек против маларија дејствува кај дел од пациентите заразени со новиот коронавирус.

Извори од Министерството за здравство посочуваат и дека македонските власти успеале да го набават лекот против маларија – кинин, во доволни количини.