Струмички лекари одбиле да им направат задолжителна анкета на наши сограѓани кои вчера пристигнаа од Берлин

235

Фрапантна е информацијата што ја сподели директорот на струмичката болница, Наќе Гогов, дека струмички лекари одбиле да им направат задолжителна анкета на наши сограѓани кои вчера пристигнааа од Берлин, а беа сместени во карантин во хотелот „Цар Самуил” во Банско.

Наслов на оригиналот Нic Rhodus, hic salta.

Профилот на лицата кои одбиле ја да извршат професионалната обврска тој го опиша вака: „Колеги кои најгласно зборуваа, се сликаа и кажуваа дека не се работи доволно, дека има пропусти, наоѓаа замерки и се претставуваа како медицински херои по интернет и слично, одбија да ја направат интернистичката анкета која им е професионална задача”.

Значи, кога дошол моментот да покажат што можат и што знаат (Hic Rhodus, hic salta), за што се и професионално обврзани, тие одбиле!

Директорот на болницата вели – „за среќа има исклучок на колеги кои сериозно ја земаат работата и се издигнаа на ниво на задачата – без да се направи нервоза и паника и сум сигурен дека успешно ќе ја спроведат анкетата”.

Во актуелнава ситуација не смееме да се задоволиме со факторот „среќа” имало такви одговорни колеги. Сите лекари без исклучок се обрзани професионално да одговорат на задачите, а не да ги третираат како желботека – ова сакам, ова не сакам. Хероите се потврдуваат на здравствениот терен, а не на интернет.

Дури и да се земе предвид елементарниот човечки страв од епидемијата, во случајов не станува збор за никаква вонредна опасност. Министерството за здравство, исто како и во другите случаи кога наши граѓани пристигнуваат со хуманитарни летови, така и во овој случај побарало да се направи интернистичка анкета од специјалист интернист, со цел да бидат запишани сите хронични болести и лекарствата кои тие ги земаат. Станува збор за лица кои немаат ни клиничка слика, ни сомнеж за заболеност од корона вирус, туку заради превентива треба да бидат изолирани две седмици.

Продолжува на страна 2