ХОРОСКОП

СТРЕЛЕЦ | Доблести и маани

By kukuriku

May 22, 2021

Стрелец – Од моментот кога ќе влезете во некоја соба, па сѐ додека не излезете, сите присутни, најчесто, уживаат во вашето друштво.

Исклучително сте шармантни, природни, симпатични, духовити, директни и отворени. Бидете само внимателни, поради својата преголема отвореност и искреност, и како такви, често нетактични, умеете, ненамерно, да им наштетите на другите со своите забелешки и шеги на сметка на другите. Непријатната вистина треба да се избегнува или да се каже во блага форма. Не може секој да ги “проголта” вашите стрели на вистината, дури и покрај тоа што не сте злонамерни, туку само искрени.

Инаку многу сте благородни, со благородна природа, поради вашиот владетел Јупитер, а вие, во принцип, не се задржувате никаде подолго отколку што е потребно, и сметате дека добрите манири се услов за подобри односи со другите. Ako сте во можност да му искажете некому внимание или било каква добрина, нема да се двоумите. Како и кај Лавот, без разлика дали сте жена или маж, голем сте кавалер, витез, секогаш подготвен да помогне.

Вие сте независни личности, со голема динамична моќ. Вистинољубец сте, револуционерни, нескротливи. Поседувате иницијатива, решителност и добра координација на телото и на духот. Ненаситни сте во работата, во забавата или задоволствата, гостопримливи и љубезни, пријатни и дружељубиви, и многу омилени и кај едниот и кај другиот пол. Вашата ведрина и оптимизам се заразни за околината.

Поради огромната животна сила способни сте да влијаете врз другите, да ги упатувате и да ги поттикнувате на работа. При состојба на негативни чувства умеете да бидете премногу директни, нетактични, импулсивни, нетрпеливи кон слабостите на другите и невнимателни кон чувствата и желбите на другите. Вие треба да го контролирате својот говор, дури и ако ја браните вистината, мора да ја пласирате на понежен начин, за да спротивната страна може да го прими и свари.