Страшни сцени од Солун по силното невреме | Видео

487

Делови од Грција вчера беа погодени од силното невреме вчера, а еден човек загинал во Солун кога поројот му го однел автомобилот.

Според грчката противпожарна служба, телото на мажот било пронајдено во западниот дел на Солун, на 300 метри оддалеченост од местото каде што бил пронајден неговиот автомобил.

Мажот, наводно, се обидел да ја помине улицата, но моќта на водата си го сторила своето.

Го видов како лежи во бесознание, кога водата се повлече зад дрвјата, рече заменик-градоначалникот на Павлос Мелас, Сакис Лазаридис.

Патем, силното невреме траело само неколку минути, но за тоа време улиците се претвориле во реки, а одводните решетки биле поплавени. Пожарникарите излегле на терен поради големиот број повици и почнале испумпување водата од многу подруми.

Невремето ја зафатило и Атина, каде неколку населени места останале ез електрична енергија