Науката вели дека начинот на исхраната, вежбањето, но и гените, одредуваат колку долго ќе живеете. Но, оние кои издувале на торта сто свеќички тврдат дека треба во текот на животот да користат и други стратегии.
Еве неколку совети за долговечноста од 11 стогодишници низ целиот свет – некои се во согласност со правилата, некои се урнебесно смешни, а некои сосема бизарни.
- Агнес Фентон (110 години)
Агнес Фентон од Њу Џерси тврди дека нејзината долговечност ја должи на испивањето три шишиња пиво и една чаша виски секој ден. Неодамна за АБЦ кажала дека тоа трае веќе 70 години, кога нејзиниот лекар ја советувал секој ден да пие високо карбонизирано пиво откако ѝ пронашле бениген тумор. Овие инструкции од доктор Фентон ги следела со години, а со текот на времето на “терапијата” додаде и чаша Џони Вокер, и тоа траело сѐ додека нејзините старатели не ѝ го одземале алкохолот поради слаб апетит.
- Гертруда Вивер (починала на 116 година)
Гертруда Вивер од Арканзас била една од последните преживеани луѓе родени во 1800-тата година, пред да умре во април оваа година. Таа живеела долго време бидејќи кон секого била љубезна.
– Однесувајте се кон луѓето правилно и бидете љубезни кон нив, исто како што сакате од нив тие да бидат кон вас – изјави за TIME во 2014 година. Таа рече дека немала хронични заболувања, како и дека никогаш не пиела ниту пушела, а спиела многу.
- Џеси Галан (починала во 109 година)
Џеси Галан од Шкотска го поминала својот живот хранејќи се со овесна каша, но никогаш не живеела со маж. Во нејзините 109 години, оваа независна жена никогаш не се омажила. Во јануари 2015 година, непосредно пред 109-тиот роденден, а само три месеци пред да почине, Галан истакнала дека сигурно долго живеела, бидејќи немала многу работа со мажи.
– Тие носат многу повеќе проблеми отколку што вредат – изјави тогаш за Daily Mail. Наместо тоа, животот го поминувала занимавајќи се со вежбање, била во окружувањето со драги луѓе и работела многу тешко, и тоа од своите 13 години.
Продолжува на страна 2
- Александер Имич (починал во 111 година)
Александер Имич од Њујорк во мај 2014 година, еден месец пред да умре, изјавил за NBC во Њујорк, дека во топ форма останал затоа што здраво се хранел и го избегнувал алкохолот. Тој јадел пилешко и риба, младоста ја поминувал пливајќи и тренирајќи гимнастика.
- Дирано Вејлард (108 години)
Овој жител на Њујорк секој ден го почнувал со овесна каша, една чаша чај, а вечерал риба и зеленчук. Тој изјави за USA Today, дека секое утро правел пет до седум склекови, а тоа го прави и денес. Својот последен роденден го прославил во друштво на својата сопруга Jeanne (105), со која бил во брак 82 години.
- Аделина Доменгас (починала во 114 година)
Аделина Доменгас од Зеленортските острови никогаш не скршила ниту една коска во телото, таа не земала лекови и никогаш немала потреба да оди во болница. Својата тајна за долговечност ја припишува на тоа што никогаш не ставала шминка.
– Никогаш не сум била во салоните за разубавување и не била баба/свекрва – изјавила за San Diego Union Tribune. Доменгас никогаш не пушела, ниту пиела и смета дека нејзината верба е најдобриот лек.
- Сузана Мушат Џонс (116)
Сузана Мушат Џонс наполнила 116 години во јули и запишаа е во Гинисовата книга на рекорди како најстар човек во светот. Изјавила за USA Today дека секогаш се трудела да спие доволно, и дека за појадок јадела, главно, сланина, јајца и жито. Нејзиното семејство за долговечноста може да ѝ се заблагодари на љубовта кон семејството и својата дарежливост.
- Рур Кобен (103)
Оваа граѓанка на Њујорк, дури и во својата 100-та година, подигнува тегови, прави пилатес вежби еднаш неделно, а своите модни комбинации ги покажува на интернет. За модниот блог Advanced Style изјави дека нејзиното мото е да се прославува секој ден, а не да се гледа календарот.
Верува дека сѐ додека човекот може да се движи, може и да вежба.
Продолжува на страна 3
- Џорџ Богес (103)
Тој ја преживеал Втората светска војна, марширал со Мартин Лутер Кинг Помладиот и работел во Врховниот суд, а се надева дека ќе поживее до 105 година.
Неговиот совет за долговечност е “многу прошетки”.
– Својата долговечност им ја должи на долгите прошетки и дека не седел многу во кола, – изјави за Washington’s Top News во 2013 година.
- Пол Маркес (101)
Пол Маркес дури и во стотата година оди во теретана. И покрај својата одлука да остане во форма, Маркес сепак тврди дека својата долговечност ѝ ја должи на среќата.
– Прво, треба да имаш добри гени. Второ, мора да имаш ѓаволска среќа да доживееш 100 години. Трето, обиди се да не јадеш сѐ што е здраво. Тоа е вистина. Јадам што ќе посакам. Тајната на долговечноста е сладоледот – изјави во 2013 година за Denver Post.
- Мисао Окава (починала во 117 година)
Окава до април 2015 година била најстариот жител на планетава. Според UK Mirror, долго живеела поради тоа што јадела суши, секој ден, спиела осум часа и се релаксирала. Се верува дека во Јапонија живеат повеќе од 50.000 луѓе кои имаат повеќе од 100 години. Ова често се должи на исхрана без масти, која е богата со риба и суши.