ВСЕЛЕНА

Стивен Хокинг | “Човештвото треба да ја напушти Земјата” | Видео

By kukuriku

March 29, 2020

Прославениот физичар кажал дека тоа е единствениот начин „да се спасиме од себе си“.

Познатиот физичар Стивен Хокинг кажал дека луѓето треба да се вратат на Месечината до 2020-та година, и на Марс до 2025-та година со цел да се обедини човештвото за заедничка цел – да се прошири надвор од Земјата.

„Проширувањето во вселената целосно ќе ја промени иднината на човештвото“, кажал професорот од Кембриџ на еден собир во Тронхем, во Норвешка. „Се надевам дека тоа ќе ги обедини конкурентните држави со една единствена цел, соочување со заедничкиот предизвик“.

Тој тврдел дека стигнувањето до Месечината, Марс и подалеку, ќе ги заинтересира младите за науката, како што се астрофизиката и космологијата. Напуштањето на Земјата е од клучно значење, бидејќи планетата се соочува со климатски промени и прекумерно искористување на природните ресурси.

На тоа додал де дека првите чекори во вселената ќе „го поткренат човештвото“, бидејќи во проектот ќе бидат вклучуваат многу држави.

„Нема веќе место и останува само одењето во други светови. Време е да истражиме други соларни системи. Само тоа може да не` спаси од самите нас. Убеден сум дека луѓето треба да ја напуштат Земјата“, рекол тој.

Европската вселенска агенција веќе најавила план за создавање на Село на Месечината“ откако Меѓународната вселенска станица ќе биде деактивирана во 2024-та година. Според наводите, Кина, исто така е заинтересирана за испраќање на астронаути на Месечината.

Американската вселенска агенција НАСА е фокусирана на мисијата со човечки екипаж на Марс која сака да ја оствари до 2030-та година.