State Department | Обвинението за воени злосторства против Тачи и Весели чекор кон правда и помирување во Западен Балкан

136

САД сметаат дека поднесувањето обвинение за воени злосторства против Хашим Тачи, Кадри Весели и други, објавено од Канцеларијата на независното Специјално обвинителство, е чекор кон правдата и процесот на помирување во Западен Балкан, изјави портпаролот на Стејт департментот.

Како што јави „Гласот на Америка” (ВОА), САД ги повикале Специјализираниот совет на Косово и независната канцеларија на Специјалното обвинителство да се придржуваат кон својот мандат, додека случајот напредува низ судскиот систем. Тие сметаат дека зад објавата е процес што траел 20 години.

Тој потег е неопходен за промовирање на владеењето на правото и обезбедување правда за жртвите во Косово, а земјата се оддалечи од овој ужасен период и се приклучи на евроатлантската заедница, се заклучува во соопштението.