СЕМЕЈСТВО

Стари верувања | Како да се открие полот на детето

By kukuriku

January 17, 2019

Во денешно време највообичаена работа е идните родители да дознаат дали бебето, кое го очекуваме ќе биде момче или девојче.

Идните мајки и татковци веќе по петтиот месец од бременоста можат да бидат сигурни и на време се подготват околу многу работи како името, бојата на собата, облеката…

Сепак некогаш додека медицината не била толку напредна полот на детето до самото породување не можел да се одреди.

Следуваат седум знаци кои некогаш луѓето верувале дека го одредуваат полот на детето:

Ќе биде момче

Ќе биде девојче

Покрај овие знаци во текот на бременоста имало и многу верувања за откривање на полот на детето и пред неговото зачнување. Едно од тие верувања е и одредување на полот на детето според прстенот. Жената држи прстен приврзан за долг конец над левата дланка, доколу прстенот се движи лево-десно ќе биде момче, а доколку се врти во круг ќе биде девојче.

Во некои словенски земји обичај е по свадбата родителите да сокријат лажица и секира, кои младенците потоа ги бараат. Ако наутро младенците ја најдат секирата ќе имаат момче, а ако ја најдат лажицата ќе имаат девојче.

Дека вакви верувања не постојат само на нашето поднебја, зборува и јапонската народна мудрост, која за одредување на полот користи бројки. Годините на мајката да се поделат со три, а годините на таткото со четири. Ако поголемиот остаток биде кај таткото ќе добијат момче, а доколку е поголем остатокот е кај мајката ќе добијат девојче.