„Стани Гоце те предадоа“… | Со тапани и зурли демонстрантите маршираа

66

„Стани Гоце те предадоа“, „Или Гоце или Заев,“ „Гоце е црвената линија“, „Ние сме држава, не територија,““За ЕУ, за Македонија, за Гоце Делчев”… се дел од транспарентите кои се појавија на маршот на ВМРО-ДПМНЕ.

Демонстрантите со македонски знамиња пееа „Едно име имаме“, скандираа „Македонија“ и носеа транспаренти „стани Гоце те предадоа“, „Гоце е црвената линија“, „или Гоце или Заев“ и слично.

Од пред Министерството за правда протестот продолжил преку мостот „Гоце Делчев“ се до зградата на Министерството за надворешни работи.