Многу луѓе веруваат во среќни броеви, но врз основа на искуствата во животот и важните датуми.
Сепак, вистинскиот среќен број за секое лице може да се пресмета врз основа на хороскопскиот знак и годината. Верувањата во бројки постојат од Античка Грција уште од формирањето на алгебрата. Докажано е дека поголемиот дел од луѓето веруваат дека за нив бројот 7 е среќен, а се разбира, тринаесетката е прогласена за најголем баксуз.
Постои метод со чија помош точно се определува среќниот број за секој хороскопски знак . Еве како ќе стојат работите во 2019 година.
ОВЕН
Бидејќи е први знак во хороскопот, тоа ги придвижува, и тие секогаш сакаат да бидат број еден во сè. Тоа и ќе им се случи оваа година. Значи, во 2019. година, на Овните бројот 1 е среќен број. Тоа ќе им донесе водство и доминација на секое поле од животот.
БИК
Вашиот среќен број во 2019. година е 2 и тоа е во согласност со тоа што сте столб на зодијакот. Желбата да се грижите за сè и да градите иднина ќе ви се исплати, бидејќи околината ќе ве доживее како потпора.
БЛИЗНАЦИ
Близнаци, вие сте познати по комуникацијата и затоа вашиот среќен број е 5. Судејќи според фактот дека духовноста и желбата за знаење е вашата посилна страна, во 2019. година, сигурно ќе чекорите и ќе ги повлекувате сериозните животни потези.
РАК
Бројот 7 е бројот на Раковите, чиј владетел е Месечината (со која е поврзан овој број). Во текот на 2019 година, ќе се борите со ривалите и ќе победувате на седмицата и енергијата која таа ја носи. Потпрете се на вашата интуиција и на чистите чувства.
Продолжува на страна 2
ЛАВ
По една напорна година, ќе барате искреност и почит од околината. Во 2019. година, бројот 89 ќе ви донесе целосна транспарентност на сите ваши патеки и ќе можете безбедно да чекорите.
ДЕВИЦА
Досега, сте биле во целосна магла и не сте можеле да се придвижите, особено кога станува збор за љубовта. Искористете го вашиот среќен број 5 и анализирајте ја ситуацијата за 2019. година. Имате добро око и можете да видите далеку, а и чувството не ве мами, па затоа тоа се сите ваши адути за патиштата по кои ќе се движите.
ВАГА
Бројот 6 претставува љубов и добар живот. Тоа е токму вашиот среќен број во 2019. година. Шестката ќе ви помогне да отворите нови хоризонти и да ги испробате работите од кои можеби веќе сте се откажале. Исто така, ќе создадете деловни соништа со кои се обидувате да го крунисате вашиот живот.
СКОРПИЈА
Во 2019. година, вашиот среќен број е дефинитивно 7. Оваа состојба во астрологијата ќе ви ја отвори страста и желбата за победа. Можете, исто така, да експериментирате на сите аспекти од животот, бидејќи сè ќе ви оди од рака.
Продолжува на страна 3
СТРЕЛЕЦ
Среќата ќе биде на ваша страна во текот на целата 2019. година. За тоа ќе допринесе и вашата среќна 5. Секогаш ќе имате јасен ум и вашите брзи потези ќе ви овозможат удобен живот.
ЈАРЕЦ
Ова за вас е година на промени. Со Плутон, кој е секогаш подготвен за трансформација и со среќен број 17 кој ви дава сила, а сето тоа во координација со Сонцето и неговиот сјај ви дава толку многу можности што секогаш ќе имате избор.
ВОДОЛИЈА
Во 2019. година, треба да внесете ред во вашиот живот, особено кога станува збор за финансии. Вашиот среќен број е 31, и тоа не е случајно, бидејќи тој ќе ви помогне да ги организирате вашите приоритети.
РИБА
Сега можеби се чувствувате изгубени, но тоа нема да биде така во текот на 2019. година. Користете го својот магичен среќен број 11 за да се најдете во овој свет и да ја разберете вашата цел и нема да бидете тажни повеќе.