Сребро како Злато ! Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал

197

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски загуби со вкупни 15-9 во финалето од прворангираниот на ОИ во Токио, Русинот Владислав Ларин, со што го освои сребрениот медал и испиша историја за нашата земја на едни олимписки игри.

Георгиевски ја загуби првата рунда со 2-0, после втората губеше со 9-7, а во третата рунда храбро се бореше, но сепак ја загуби и таа рунда.

Вреди да се напомене дека Ларин во последните 3 години имал само 4 порази на сите натпреварувања.

Со ова заврши постот од 20 години без медал за Македонија. Првиот и единствен, бронзен, го освои Мохамед Ибрахимов во борење на ОИ во Сиднеј во 2000 година.