Сребрен долар од 1804 година од колекцијата на покојниот бизнисмен и филантроп Лери Х. Милер се очекува да достигне цена од над 3 милиони американски долари на претстојната аукција што ја одржува галеријата „Stack’s Bowers“.
Милер беше основач на синџирот киносали „Megaplex“ и сопственик на НБА тимот Utah Jazz од 1985 година до неговата смрт во 2009 година. Тој собрал една од најдобрите нумизматички колекции која опфаќа скоро 1.600 монети, низ многу децении.
Колекцијата, со проценета вредност од 25 милиони долари, ќе биде понудена во две продажби закажани за 12 ноември и 17 декември. Местото на аукцијата во ноември сè уште не е објавено, додека аукцијата во декември ќе се одржи во Санта Ана, Калифорнија
Приходите од оваа продажба ќе бидат донирани на „Intermountain Health“ за изградба на Детска болница во Лехи, Јута, навела галеријата „Stack’s Bowers“.
Сребрениот долар од 1804 година со бистата на Либерти на предната страна, додека на задната страна има американски орел, е еден од најсолуваните од 15 примери за кои се знае дека постојат, а последното изложување беше во 1997 година, кога беше понуден од познатата колекција Louis Edward Eliasberg, според Брајан Кендрела, претседател на галеријата „Stack’s Bowers“.
Друг централен дел од колекцијата на Лери Х. Милер е монетата на Барбер од 1894-С. Претходно во колекцијата „Louis Edward Eliasberg“, се очекува да се продаде за повеќе од 1,25 милиони долари.