СЕМЕЈСТВО

Споредбата со другите деца ги нервира мајките

By kukuriku

January 17, 2019

Една третина од мајките се склони да влезат во дебата по добивањето на несакани совети за родителството.

Резултатите од студијата, која опфати две илјади жени откри дека тие често не се согласуват со другите мајки, сопствената мајка или со свекрвата, кога е во прашање најдобриот начин за воспитување на детето.

И покрај тоа што забелешките на сметка на детскиот развој, однесувањето, растот, исхраната и навиките во спиење предизвикуваат голем раздор меѓу мајките и нивните пријателки, сепак дискусијата за навикнување на нокшир претставува главна тема на конфликтот.

Мајките кои во текот на студијата се најдоа во својство на испитаници признаа кои коментари најчесто ги нервираат: