ОБРАЗОВАНИЕ

Специфичностите на Валдорф педагогијата

By kukuriku

January 14, 2019

Изминатите години се попопуларен е концептот на холистичкото образование, во кое спаѓа Валдорф педагогијата. Што подразбира овој начин на воспитувањето?

Валдорфската педагогија подразбира во процесот на воспитувањето и образованието воспитувачите и учителите кон децата да се однесуваат со длабоко почитување, да влијаат на детскиот разум, ни најмалку не запоставувајќи ги неговите чувства и емоционален развој.

Децата се поттикнуваат до решенија да доаѓаат со сопствено дејствување, да испробаат различни можности и самите да доаѓаат до заклучоци. Не им се нудат готови знаења, туку се мотивираат на размислување. Овој начин на воспитување и образование е познат по тоа што на детето му пристапува како на целосно битие, односно вниманието на воспитувачите и наставниците е насочено кон сите аспекти на човекот – телото, духот и душата.

Основач на Валдорф педагогијата е др. Рудолф Штајнер (1861-1925). Тој е роден во Австрија, бил академик, визионер, кој имал широки интересирања, а се занимавал со наука, образование, историја, антропозофија и гледање кон животот истовремено од научна и од духовна точка. Штајнер сметал дека на секое дете треба да му се пристапи како на единствено човечко суштество, кое се разликува од другите луѓе, како и дека е потребно детето добро да се запознае.

– Кога ќе ги сфатиме оние, кои имаме задача да ги обликуваме, ќе можеме да ги воспитуваме и образуваме, баш како што сликарите мораат да ја разберат природата и квалитетот на боите, пред да почнат да сликаат или како што вајарите мораат да ги разберат своите материјали пред да почнат да вајаат, изјавил Штајнер.

Освен тоа основачот на Валдорф сметал дека детето за секој возрасен, а посебно за своите учители е како света загатка, на која возрасните треба да пристапат со целосно внимание и почитување за да ја одгатнат.

Под холистичко образование се подразбира дека се земаат предвид сите аспекти на личноста на детето, физичкиот (моториката, сетилата, културно-хигиенските навики), емоционалниот (препознавање на своите чувства и емпатија, сочувство со другите), интелектуални (снаоѓање во животните околности и прилагодување на различни ситуации), социјални (односот кон другите, вербална и невербална комуникација) и духовен.

Првото Валдорф училиште е основано во 1919 година во Штутгарт, за децата на работниците  во фабриката за тутунски производи Валдорф Асторија. Денес во над 60 земји во светот постојат повеќе од илјада училишта и над две илјади градинки. Од земјите во регионот Валдорф градинки и училишта има во Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Македонија, Унгарија, Австрија.

Waldorf School on the Roaring Fork Kindergarten

Waldorf School Aarhus, Denmark : Jutland Architecture