На многумина им се случило барем еднаш да се заборават на сонце и да добија изгореници.
Секому може да му се случи вакво нешто, но последиците се обично болни. Ако ви се случи да изгорите потои рецепт кој може да ги ублажи болките и да ја разлади кожата.
Потребно
- Една шолја млеко,
- коцки мраз,
- чиста памучна крпа и
- сад.
Подготовка
Во садот ставете го млекото и ледот, па натопете ја крпата во смесата, исцедете и нанесете на зафатените места.
Ставајте облог додека не почуствувате олеснивање, а потоа намачкајте ја кожата со лосион или хидратантно млеко.
И не заборавајте, ако имате посериозни изгореници, да побарате лекарска помош.