Huffington Post ги замоли своите читатели да споделат по едно нешто кое според нив треба да го знае секој маж кој сака жена. Еве ги 24-те најдобри одговори:
Можеш секој ден да ѝ КАЖУВАШ колку многу ти значи, но ако не ѝ ПОКАЖУВАШ колку многу ти значи, тогаш не си направил ништо.
Не ја споредувај со ниту една друга жена. Таа е специјална и уникатна, третирај ја така.
Понекогаш ислушувањето е доволно. Има моменти кога на жената ѝ треба партнерот за да ја ислуша, без да се обидува да дава совети или да поправи нешто. Едноставно да слуша.
Не дозволувај родовите стереотипи да влијаат на тебе. Љубовта е љубов, независно од тоа кој оди на работа, а кој останува дома. Запомни дека твоето презиме не е поважно од нејзиното, а нејзината улога на родител не е поважна од твојата.
Никогаш не ги негирај нејзините чувства, нарекувајќи ја „луда“.
Комуникацијата е сè. Заборави на сè што ти кажувале за жените, тоа се повеќе стереотипи одошто нешто друго. Ако сакаш да знаеш како се чувства таа, не претпоставувај, прашај јас. Комуникацијата е клучна.
Разбери дека таа знае што е најдобро за неа.
Исполнувај ги твоите ветувања.
Таа може да биде ранлива, како и сите останати луѓе. Стои до неа за да ја фатиш во тие моменти.
Продолжува на страна 2
Да ја сакаш е избор кој го правиш секој ден.
Дознај што е она што ја усреќува. Откриј кои се нејзините интереси и придружи ѝ се во нив.
Почитувај го нејзиното мислење, дури и кога не се согласуваш со него.
Секогаш биди ѝ верен пријател.
Не мора секогаш да имаш решение за нејзините проблеми.Едноставно биди до неа, тоа е она што е најважно.
Само затоа што таа може да направи сè, не значи дека мора да прави сè. Помогни ѝ да се релаксира кога ќе имаш можност и биди ѝ извор на спокој.
Имај на ум дека и таа, како и сите останати, има свои несигурности.
Бори се во нејзините битки заедно со неа, а не наместо неа.
Секогаш давај ѝ ја слободата да носи свои одлуки, дури и ако не се согласуваш со нив.
Биди најдобрата варијанта од себе кога си со неа, за и таа да може да го направи истото.
Жената којашто е таа денес не мора да е иста со онаа која била во минатото.
Таа е рамноправна со тебе. Третирај ја на тој начин.
Секогаш, секогаш, секогаш навивај за неа.
Над сè, биди добар со неа. Секогаш биди љубезен.
На крајот на краиштата, секоја жена е различна. Таа има свои потреби, желби и цели. Откриј какви се тие и помогни ѝ да ги постигне.