Совети за шминкањето со кои ќе изгледате помлади

178

Бројни козметички лаборатории работат на случајот да спречат стареење на кожата, односно прават производи за еластичност, цврстина и регенерација на кожата.

● Немојте да претерувате со шминката, бидејќи големите количини шминка, особено пудра, ќе ги нагласат вашите години.

● Поради намалената еластичност на кожата, пред нанесување на течна пудра треба да нанесете хидратантна крема.

● Изберете коректор кој содржи поголеми количини колаген, и кој е покремаст, за да кожата ви остане еластична.

● Користете корални нијанси на руменило, кое ќе го нанесувате на јагодиците
● Избегнувајте темни кармини, туку користете посветли нијанси, како на пример, боја на праска. На средината од усните ставете сјај, за да тие изгледаат пополни.

● Кога се сенките во прашање, немојте да користите кремасти сенки , затоа што лесно влегуваат во порите. Подобро изберете сенки во прав.

● Избегнувајте да користите туш, бидејќи на тој начин очите изгледаат поуморни.

● Маскарата нанесете ја само во еден слој, и немојте да ја нанесувате на долните трепки – така дополнително ќе ги истакнете подочниците.