Годините поминуваат дур да трепнеш. Не мажете и женете се млади. Живејте го својот живот. Патувајте. Занимавајте се со разни нешта. Не е важно колку пари имате. Спакувајте се и одете каде и да можете да си дозволите.
1. Најважната личност во вашиот живот е лицето, кое се согласило да го сподели својот живот со вас. Така и третирајте ја.
2. Можеби ќе имате долг живот, или вашиот живот ќе биде краток – кој знае. Но, во секој случај, верувајте ми кога ви велам дека ќе сакате подобро да сте се грижеле за себе во својата младост.
3. Нештата се само нешта. Не бидете опседнати со материјални работи, почитувајте го времето и искуствата.
4. Љубомората ги уништува врските. Верувајте ѝ на вашата втора половина, бидејќи на кој друг ќе му верувате?
5. Луѓето секогаш велат, “Погрижете се да добиете работа каде што ќе го работите она што го сакате!” Но, тоа не е најдобриот совет. Вистинската работа е работа која ја сакате во некои денови, во другите денови ја поднесувате, а сепак ви ги плаќа сметките. Речиси никој нема работа која ја сака секој ден.
6. Ако некогаш ви е тешко да се справите со животот, само вратете се во сегашниот момент и уживајте во сѐ што е убаво и пријатно. Земете длабок здив, релаксирајте се.
7. Годините поминуваат дур да трепнеш. Не се мажете или жените млади. Живејте го својот живот. Патувајте. Занимавајте се со разни нешта. Не е важно колку пари имате. Спакувајте ги куферите и одете секаде каде што можете да си дозволите. Додека никој не зависи од вас, не купувајте работи. Никакви. Видете го светот.
8. Не земајте го животот сериозно. Дури и ако работите ви се чинат темни и безнадежни, обидете се да се насмеете на тоа колку животот е откачен.
9. Вистинскиот пријател ќе дојде ако го повикате и во 2 часот наутро. Сите други се само познаници.
Продолжува на страна 2
10. Децата растат премногу брзо. Искористете го поголемиот дел од времето кое го поминувате со нив.
11. Никој никогаш не умрел жалејќи се што не направил повеќе. Бидете вредни, но не ја ставајте работата пред семејството, пријателите или себе.
12. Јадете и вежбајте како да сте дијабетичар и срцев пациент кој имал мозочен удар – за тоа никогаш да не ви се случи.
13. Можеби овој и не е толку длабокоумен како другите, но мислам дека е важен. Чистете ги забите со конец, проблемите со забите се страшни.
14. Не земајте ничиј совет како наредба. Можете да побарате совет од некој што го почитувате, но потоа разгледајте ја својата ситуација и донесете своја одлука. Всушност, мојот совет е да го послушате својот совет …
15. Зглобовите кои ќе ги повредите денес ќе ви се одмаздат подоцна. Дури и ако мислите дека целосно сте се опоравиле. Верувајте ми!
16. Имаме само една шанса на оваа земја. Да не случајно се пробудите и сфатите дека имате 60 години без реализиран сон.
17. Ценете ги малите нешта и бидете присутни во сегашен моментот. Што мислам со тоа. Па, ми се чини дека денес младите луѓе сакаат сè и веднаш. Наместо тоа, зошто да не го цениме секој мал миг? Ние нема да останеме засекогаш на оваа луда/прекрасна планета. А најголемото задоволство може да се пронајде во најздодевните активности. Наместо да испратите порака, земете го мобиолниот и повикајте некого. Повикајте ја мајка ви, зборувајте за ништо особено. Тоа се моменти кои треба да се вреднуваат.
18. Плаќајте ги сметките и избегнувајте долгови. Кога би можел да си ги исплатам сите пари кои сум ги плаќал за камати во текот на сите овие години, јас би бил богат човек. 19. Ако сонувате за тоа да бидете некој или да работите нешто што ви се чини невозможно, сепак обидете се. Со текот на годините, кога ќе станете одговорни за други луѓе, тоа ќе стане само уште најверојатно.
20. Кога ќе запознаете некој за прв пат, застанете и сфатете дека всушност не знаете ништо за него. Ја гледате расата, полот, возраста, облеката. Заборавете на сето тоа. Не знаете ништо. Овие претпоставки се засновани на предрасудите кои ќе ви се јават во главата, поради тоа што вашиот мозок сака категории, тие го ограничуваат вашиот живот и животот на другите луѓе.