Како да се уништи дете во 10 чекори | Совет за родители и за оние кои мислат да станат родители

64788

Ова се неколку препораки и совети за родителите, ако сакаат да го уништат своето дете, објави лондонскиот портал за педагогија и образование.

1. Ако му ја исполнувате секоја желба ќе го донесете до уверување дека целиот свет се врти околу него.

2. Кога ќе каже некоја псовка или простачки збор, насмејте му се од срце, така вашето дете ќе верува дека тоа е многу забавно.

3. Никогаш не му зборувајте за моралот, ова чини, ова не чини, ова смееш, она не смееш … Не му кажувајте за должностите и одговорностите кон општеството.

4. Секогаш чистете зад него и ослободете го од секоја обврска.

5. Расправајте се постојано пред него, па нема да му биде чудно ако нешто се случи во семејството.

6. Давајте му пари секој пат кога ќе побара и нека ги троши како сака. Ако вие сте патиле, не мора и вашето милениче !

7. Исполнете секоја негова желба, кога станува збор за храна и пијалок.

8. Секогаш бидете на негова страна кога некој ќе го нападне: наставник, професор, сосед … така ќе го уверите дека секогаш е во право.

9. Кога ќе се најде сред некој инцидент, кажете му дека вие сте виновни и така ќе го ослободи од секаква одговорност.

Ако направите 80% од ова наведеново, бидете задоволни, ја постигнавте целта. Го уништивте своето дете!

Подготви педагог Виолета Крстевска Васиќ

Споделете со вашите пријатели !