ECOLOGY

Сончевиот ветер главен виновник за климатските промени

By kukuriku

June 10, 2019

Главен виновник за глобалното затоплување е сончевиот ветер, а не ефектот на стаклена градина, објави денеска руските медиуми повикувајќи се на извештајот на Руската академија на науките.

Експертите од Институтот за геологија од Академијата предупредуваат дека неправилно се преземаат мерките за борбата против глобалното затоплување без при тоа точно да се определат причините за климатските промени.

– Научниците всушност се уште не знаат дали на Земјата и се заканува глобално заладување, а не глобално затоплување. За климатските промени поголемо значење има количеството на вода што испарува од Северниот Атлантик, отколку ефектот на стаклената градина, истакна академикот Лев Зељониј.

Тој исто така потенцира дека не треба да се потценува и сончевиот ветер.

– Корпускуларното зрачење, кое се зголемува при активирањето на дејноста на Сонцето, има улога при формирањето на облаците кои ја ладат атмосферата и самата Земја. Поради тоа треба да се земе предвид емисијата на јаглерод диоксид при борбата против климатските промени, но и т.н. вселенска клима, наведе Зељониј.