Дали знаете дека зрачењето кое го емитува солариумот се наоѓа на заедничката листа на радиоактивни елементи, плутониумот, и радијациата која потекнутаат од Сонцето?
Овие штетни зраци, посебно се опасни за младите луѓе кои солариумите почнуваат да ги користат пред 30 – та година. Кај нив ризкот за појава на меланом, најсмртоносниот облик на карцином на кожата е поголема дури за 75 посто.
Знајеќи го сето тоа Светската здравствена организација солариумите ги смести во најопасните фактори на ризик за појава на карцином на кожата.
Солариумите доведуваат до поцрнување на кожата со помош на ултравиолетовото А зрачење. Нивните зраци се опасни бидејќи не создаваат изгореници, но значително го зголемуваат ризикот за појава на карцином и го забрзуваат стареењето на кожата.
Повеќето од нас не се свесни за фактот дека поцрнетата кожа добиена во солариумне не штити од изгореници до кои може да дојде по долготрајното седење на сонце.
Поцрнетата кожа на овој начин има минимална заштита од соларната УВ радијација.
Солариумот не смеете да го корисите за да ја “подготвите кожата за сончање”, предупредуваат стручњаците.