Доматно пире
Сокот од домат содржи многу ликопен, кој штити од рак и од болести на срцето, но и ја штити кожата од штетните влијанија на УВ зрачењето.
Исто така, содржи витамини Ц и Е, па се користи и за релаксација на нервите. Се користи чист сок од домат или разреден во однос 1:2 (еден дел чист сок и два дела вода).
Сок од зелка
Листовите на зелката содржат калиум, сулфур, железо, калциум и селен, кои штитат од рак, но и делуваат позитивно на желудочната и цревната слузокожа и спречуваат појава на чир, а ако тој веќе постои, влијаат поволно. Сокот од зелка изобилува со витамини Ц, Б и Е и провитамин А.
Препораки: Сокот од зелка има силен вкус, па се препорачува да се консумира со сок од јаболко или морков. Сличен состав има и келот, па може да се користи како замена на зелката.