МИСЛИТЕЛИ

Согледајте се себеси и светот поинаку отколку што ве учеле!

By kukuriku

November 15, 2018

Мисли на Буда, кои ќе ве натераат да се замислите  

Објавено July 12, 2016. Прочитано 16587

Сидарта Гаутама е несомнено еден од најголемите мислители, филозофи и учители во историјата на човештвото, и никогаш не престанува да инспирира милијарда луѓе дури и денес.

Она што го раскажувал е актуелно и денес како што било и пред 2.500 години, кога тој одел по Земјата. Ако не верувате, само прочитајте некои од неговите искажувања.

Буда буквално значи “разбуден”, “оној кој е буден” и првенствено се однесува на Сидарта Гаутама, индискиот мудрец кој живеел околу 500 година п.н.е., кој доживеал просветлување и и ги подучувал луѓето како да го постигнат истото.

Меѓутоа, Буда може да стане секој кој е целосно ослободен од сите гревови и ментални пречки, кој ќе се разбуди од сонот на незнаење и на тој начин ќе ја спознава вистинската природа на светот, универзумот, самиот себе, на живите суштества околу себе и на просторот.

Постојат многу изреки на Буда кој останале забележени за идните генерации и кои и денес се читаат со големо внимание во целиот свет, а не само меѓу оние кои ја прифатиле оваа религиозна филозофија, пред сѐ на Далечниот Исток.

Еве некои од нив

1. Она што сме е резултат на она што сме го мислеле. Умот е сè. Она што за што мислиме тоа и ќе станеме.

2. Злосторствата се случуваат како резултат на умот. Ако го промениме нашиот ум, дали можат да преживеат злосторствата?

3. Илјадници свеќи можат да се запалат со една свеќа, а животот на таа свеќа да не се скрати. Среќата никогаш не се намалува со нејзината поделба.

4. Не живејте во минатото, не сонувајте за иднината, концентрирајте го умот само на сегашниот момент.

5. Не е важно колку свети зборови ќе прочитате, без разлика колку и да изговорите од нив, какво добро од нив, ако не постапувате по нив?

6. Дури и од смртта не се плаши оној кој живеел мудро.

7. Мирот доаѓа од внатре. Не барајте го однадвор.

8. На небото не постои никаква разлика помеѓу Истокот и Западот. Луѓето прават разлика во сопствениот ум, а потоа веруваат дека е вистина.

9. Ако јасно би можеле да го видиме чудото на еден цвет, целиот наш живот би се променил.

10. Единствениот вистински неуспех во животот е да не се биде верен на она за што го знаеш дека е исправно.

Продолжува на страна 2

11. Нема да бидете казнети со својата лутина, туку ќе бидете казнети со својот гнев.

12. Вие самите, исто колку и сѐ друго во целиот универзум, заслужувате љубов и наклонетост.

13. Три нешта не можат долго да се кријат: сонцето, месечината и вистината.

14. Оној кој ќе се ослободи од навредливите мисли сигурно ќе најде мир.

15. За да се разбере сѐ, значи да се прости сè.

16. Кога умот е чист, среќата доаѓа како сенка која никогаш не заминува.

17. Вие не може да патувате додека самите не станете патот.

18. Кога ќе сфатите колку е сè совршено, ќе ја фрлите наназад главата и ќе се смеете со небото.

19. Стомната се полни капка по капка.

20. Не верувајте на ништо, без разлика каде тоа сте го прочитале и кој тоа го рекол, дури и ако јас тоа сум го кажал, ако тоа не се согласува со вашиот здрав разум.

Продолжува на страна 3

21. Кучето не се смета за добро куче ако добро лае. Човекот не се смета за добар човек, ако добро раскажува.

22. Ништо не е повеќе смртоносно од навиките на сомнеж. Сомнежот ги дели луѓето. Тоа е отров кој го уништува пријателството и ги расипува пријатните односи. Тоа е трн кој иритира и повредува; тоа е меч кој убива.

23. Патот не е на небото. Патот е во срцето.

24. Имајте сочуство кон сите живи суштества, кон богатите и сиромашните подеднакво. Секој има свое страдање. Некои страдаат многу, некои премалку.

25. Подучувајте ги луѓето на овие три вистини: дарежливо срце, љубезен збор и животот на службата и сочувствата се работи кои го обновуваат човештвото.

26. Целата тајна на постоењето е да немаме страв. Никогаш не се плашете од она што ќе се случи со вас, не зависите од никого. Само во моментот кога ќе отфрлите било каква помош, сте навистина ослободени.

27. Никој не може да нѐ спаси, освен самите себеси. Никој нема и никој не може. Ние самите мора да одиме по патот.

28. Да се освоите самите себе, е поголема задача од освојувањето на другите.

29. Твојата работа е да ја откриеш својата работа, а потоа да ѝ се посветиш со сето свое срце.

30. Подобар од илјада празни зборови, е еден збор кој носи мир.

31. Омразата никогаш не престанува преку омраза. Омразата престанува со љубов. Ова е непроменлив закон.