Со вакцините убил на илјадници деца | Индија ја тужи Фондацијата на Бил Гејтс !?

429

Индија не сака да молчи, но затоа целиот свет сè уште прермолчува.

Додека речиси секојдневно се открива корупција и измама во индустријата на вакцините, медиумите низ целиот свет ги игнорираат ваквите приказни, затоа што се платени да молчат, и со молчење ја подржуваат масовната вакцинација на човештвото.

Меѓутоа, надвор од цензурата на западот, оваа голема империја на вакцини полека почнува да се распаѓа. Интересно е дека оваа вест нема лесно да ја најдете никаде во западните мас медиуми, иако не станува збор за мала работа. Всушност, Индија го тужи Бил Гејтс и неговата “Бил и Мелинда Гејтс Фондацијата”, царството на вакцините, бидејќи вакцините кои оваа фондација масовно ги шири и тестира по цела Индија, всушност, ги убиваат луѓето.

Во Индија е во тек процес против одговорните за неетично и незаконско спроведување на испитувањата на вакцините Гардасил и Церварикс на илјадници девојки на возраст од 9 до 15 години. Тестовите беа спроведени за девојки од индиски племиња: околу 16.000 од нив биле вакцинирани со Гардасил, а околу 14.000 девојчиња биле вакцинирани со Церварикс.

По многу жртви и сериозни здравствени последици кои следеле по вакцинацијата, било откриено дека повеќето девојки и нивните родители не биле запознаени со информациите во какво испитување учествуваат. Согласностите за вакцинирањето најчесто наместо нивните родители ги давале надзорниците на хостелите во кои девојчињата од индиските племиња престојувале, одека оделе на училиште.

Истражувачите, исто така, откриле дека од 9.543 обрасци на согласности од родителите, на 1.948 согласности во потписот содржи само отпечаток од прсти, а 2763 од обрасците потпис на супервизорите на хотелот. Податоците откриваат дека во голем број родителите на вакцинираните девојчиња биле неписмени и не знаеле да пишуваат, дури и на локалните јазици на нивните племиња.

Фондацијата Гејтс тоа добро го искористила, но сега заради тоа е пред Врховниот суд на Индија. “Бил Гејтс против детска парализа”, “Бил Гејтс дава десетици милијарди долари за вакцини”, “Вакцините и за сиромашните” – се само некои од насловите под кои се “кријат” текстови за големиот “филантроп” Бил Гејтс, основачот на Мајкрософт и, според Форбс, вториот најбогат човек на планетата (56 милијарди долари во имот).

Навистина интересен човек, и навистина интересни наслови, иако токму овој човек јавно признал дека со вакцините ќе спроведе депопулација (убав збор за убивање на луѓе), што можете да видите на видеото, на крајот на текстот. “Денешниот свет има 6,8 милијарди жители и се движи кон 9 милијарди.

“Ако добро работиме на новите вакцини, услугите во репродуктивната медицина и здравствената заштита, би можеле можеби да го намалиме тој број за 15 проценти”, рече Гејтс, и никому ништо, никој не се загрижил. Бил Гејтс е еден од оние луѓе кои јавно го признаваат планот за истребување на човештвото и тоа со техниките и вакцините што ги финансира тој самиот.

Средствата за јавно информирање, наместо на јавноста да ја презентираат страшната вистина, тие Бил Гејтс го слават и честат како “спасител”, што е уште еден доказ дека т.н. “мејнстрим” медиумите се длабоко вовлечени во играта на измама на јавноста.

Индија не сака да молчи, но целиот свет продолжува да ја премолчува вистината за Индија.