ДИЕТИ

Со суви смокви и јаболков оцет до витка линија

By kukuriku

November 07, 2020

Поради брзиот начин на живот, лошата исхрана и недостатокот на физичка активност зголемените масти во крвта се болест на денешницата…

Понекогаш при зголемени масти можат да се забележат наслаги од масно ткиво со жолта боја во облик на плочки или чворчиња на горниот очен капак или на некои други делови од телото.

Со напредувањето на болеста доаѓа до здебелување на ѕидовите на крвните садови, атеросклероза, за која придонесуваат и други фактори (пушење, алкохол), а последица на сето тоа, за жал, најчесто се кардиоваскуларните болести кои се еден од водечките причинители за смрт во светот.

Доколку имате зголемени масти во крвта, ви го препорачуваме овој лек, бидејќи тој им помогнал на многумина.

Потребно ⇒ суви смокви и јаболков оцет

Третманот направете го навечер, а применувајте го следното утро. Земете три суви смокви и добро избоцкајте ги со чепкалка од сите страни, а потоа ставете ги во стаклен сад во кој сте ставиле 2 децилитри јаболков оцет.

Оваа смеса нека стои преку ноќ, а следното утро изедете ги трите закиселени смокви. Остатокот од оцетот не го фрлајте туку во истиот оцет наредната ноќ повторно ставете три смокви кои ќе ги подготвите на ист начин.

Тие 2 децилитри оцет користете ги седум дена, повеќето смоквите ќе го упијат. Осмиот ден земете нови 2 децилитри оцет и постапката повторете ја уште една недела. Третманот трае 14 дена.