Прозорец, масло на платно, Моника Лунијак,

ЉУБОВ И СЕКС

Со оваа облека ќе го одвлечкате партнерот во кревет

By kukuriku

September 06, 2020

Доколку сакате да го освоите својот партнер пред да го однесете во спална, внимавајте на вашата облека и додатоци.

Црвен фустан

Фустанот е секогаш вистинскиот романтичен избор за сите девојки, а црвената боја е таа која најмногу ги привлекува мажите, 71% од нив така го преферираат тоа, велат истражувањата на оваа тема.

Кошула

Секоја жена би требало да има барем неколку различни кошули во својот плакар. Не само да е практична и лежерна, кошулата може да биде и секси бидејќи 72% од мажите замислуваат како да е откопчана.

Гол грб

Многу жени кога сакаат да бидат секси прво се одлучуваат за отворено деколте, а дури 87% од мажите сметаат дека е елегантно, а сепак секси варијанта е голиот грб.

Високи потпетици

Овој детал за 91% од мажите е најсекси дел од облека на жените. Но, задолжително размислете околу висината на потпетиците за да можете да се движите нормално бидејќи лошото одење со високи потпетици воопшто не е секси.

Тесни фармерки

Секој маж смета дека жените кои добро изгледаат во фармерки се моментално секси. Нормално обратете внимание на тоа да биде крој кој ќе го истакне вашиот задник.