За да се направи здрав избор не мора да се комплицира – понекогаш се доволни и мали одлуки.
Дали знаете дека со едноставен потег на намалување на солта можете да направите многу за своето здравје и тоа во неколку области? Одложете го соларникот и изберете производи со намалена содржина на сол, бидејќи вашиот организам ќе ви биде благодарен.
Со избор на производи со намалена содржина на сол, позитивно влијаете врз телото и организмот – го чувате здравјето на бубрезите и црниот дроб, го регулирате крвниот притисок и ја намалувате можност за појава на главоболки.
Крвен притисок
Преголемата количина на сол која самостојно ја внесуваме или преку храната, причина е за задржување водата што има директно влијание врз крвниот притисок. На луѓето кои имаат проблеми со хипертензијата не им се препорачува дневно внесување на повеќе од 2000 mg до 2400 mg натриум, или 5-6 грама сол. Така, намален внес на сол во исхраната може значително да придонесе за превенција од кардиоваскуларни, бубрежни и други хронични заболувања, а со тоа и намалување на срцеви и мозочни удари.
Главоболка
Достапните податоци ја поддржуваат директната поврзаност помеѓу крвниот притисок и појавата на главоболка. Затоа е разумно да се заклучи дека интервенцијата во исхраната за намалување на крвниот притисок, како што се намалување на внесот на сол, исто така, можат да ја намалат и појавата на главоболката. Главоболката е чест здравствен проблем и меѓу најчесто пријавените нарушувања на нервниот систем кој влијае на сите возрасни групи, со повисока преваленција кај жените во однос на мажите. Луѓето кои имаат чести главоболки имаат лош квалитет на живот и поголем бројот на денови на отсуство од работа. Намалениот внес на натриум, т.е. солта, поврзан е така со значително намалување на ризикот од појавата на главоболки.
Црн дроб
Премногу висок внес на кујнска сол, исто така, има штетен ефект врз црниот дроб и поврзан е со појавата на воспалителни процеси кои водат кон уништување на клетките на црниот дроб. Денес, голем број на луѓе имаат замастен црн дроб, т.н. неалкохолна масна болест на црниот дроб, а еден од главните проблеми лежи во прекумерната количина на сол која ја внесуваме со храната. Исхраната и црниот дроб се поврзани на многу начини и затоа нашите разновидни и добро избалансирани оброци можат да нѝ помогнат во одржување на здрав црн дроб.
Бубрези
Најчестите болести кои доведуваат до губење на функцијата на бубрезите се дијабетесот и високиот крвен притисок. Препораките за превенција на овие болести, а приоритетно за зачувување на здравјето на бубрезите, е намалување на внесувањето на солта во организмот. Всушност, бубрезите се дел од уринарниот систем чија главна улога е филтрирање на отпадните материи од крвта и нивното лачење. Правилно функционирање на бубрезите од исклучително е значење за непреченото функционирање на организмот.