Снимка која може да ги разбесни Американците | “Shoot Motherf*****s” | Фото/Видео

324

Убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд предизвика протести низ САД и ширум светот, со што повторно се покрена прашањето за расизмот.

Градовите во САД се подготвуваат за потенцијални нови немири по заканите на Трамп за употреба на сила.

Нова аудио снимка објавена од сајтот „ТМЗ“, која емитува наводен разговор на полициски службеници од Њујорк за демонстрантите кои ги блокираат градските улици, може дополнително да ги запали страстите.

На снимката, наводно, се прикажани полицајци кои им кажуваат на своите колеги да пукаат и да ги газат демонстрантите.

„Пукајте ги тие кучкини синови, прегазете ги“, се слушало на полицискиот скенер, но не е јасно дали станува збор за глас на полицаец или на некој што го украл радиото.

Додека демонстрантите протестираа во Бруклин, можело да се слушне на скенерот некој што се јавува и ја опишува ситуацијата, а друг глас бара од полицајците: „Пукајте во тие кучкини синови“.

Њујоршката полиција ги испитува наводите за острите коментари од нивните службеници, и ако навистина станува збор за разговор помеѓу полицајци, ваквите изјави дополнително ќе ги разлути демонстрантите.

Снимката на која се слушаат гласовите можете да ја погледнете на следниов ЛИНК.