ВСЕЛЕНА

Снимил огнена топка ! Астероид влегол во атмосферата и експлодирал | Видео

By kukuriku

February 13, 2023

Астероид од 1 метар кој беше откриен доцна синоќа ја погоди Земјината атмосфера над северна Франција, а видео од фасцинантната глетка кружи на социјалните мрежи.

Астероидот 2023 CKS1, порано познат како Sar2667, се распадна над Ла Манш во близина на Нормандија.

Откриен е, седум часа пред ударот, од унгарскиот астроном Кристијан Шарнецки, во станицата Пишкештето на опсерваторијата Конколи на планините Матра, во Унгарија.

Астероидот за прв пат бил забележан на 12 февруари во 21 часот по локално време кога беше оддалечен од Земјата околу 233.000 километри.

Да потсетиме, на 15 февруари 2013 година, астероид со дијаметар од околу 20 метри влегол во атмосферата на Земјата.

Се движел со брзина од 19 километри во секунда кога експлодирал, на само околу 30 километри над градот Челјабинск во Русија.

Експлозијата имала 20 до 30 пати повеќе енергија од атомската бомба фрлена врз Хирошима. Овој регион се наоѓа на околу 1.500 километри источно од Москва.