Снежна бура во САД за време на Новогодишната ноќ

48

Бурата блокира патишта и аеродроми кои се преполни со патници поради сезоната на новогодишни празници. Во Канзас прогласена вонредна состојба…

Илјадници летови во САД се одложени и откажани поради голема зимска бура која почна за време на викендот. Најкритично е во земјите на Големите рамнини и во северните делови на Среден Запад. Некои подрачја се прекриени со непроодна снежна покривка, а регистрирани се и инциденти на патиштата поради силниот ветер којшто истурка неколку возила од коловозите. Во судир во западен Канзас загина едно лице. Гувернерот прогласи вонредна состојба. Метеоролозите предупредуваат на ризик од поплави во југоисточниот дел, вклучувајќи ги Тексас, Луизијана, Мисисипи и Алабама, каде што постои опасност и од торнада. Според Националната метеоролошка агенција, ризикот е висок во Јужна Дакота, источниот дел на Северна Дакота и западна Минесота.

„12 години сум овде така што сум навикнат на снегот. Составен дел е до Северна Дакота. Ја сакам земјава.“

„Мене ми е добро. И така треба да вежбам. Завршувам работа, со лопата е најсигурно.“

Откажани летови и во Квинс, Њујорк, но не поради снежното невреме, туку поради пожар на трансформатор во електрична централа во Квинс. Привремениот прекин на снабдувањето со електрична енергија предизвика проблем на аеродромот Ла Гвардија, но не и во населените места и домаќинствата. Граѓаните ја искористија можноста да ја документираат оваа несекојдневна глетка и ги преплавија социјалните медиуми со фотографии и снимки од небото кое беше осветлено со сина светлина.

„Чудно беше, како во филмот „Ден на независноста“, небото имаше чудна сина боја каква што не сте виделе досега. Изгледаше како да има нешто над облаците“, изјави М: Мајкл Џијанарис, државен сенатор во Квинс.

„Игравме „Плеј стејшн“ и одеднаш снема струја. Се изнервиравме зашто мислев дека е дефект во зградата. Ги провериме телефоните, беа пред крај. Отидов на покривот и видов голем облак.“

Ова е втор поголем инцидент во фабриката во последните 6 месеци. Во јули, при експлозија на цевка се излеа хемикалија во воздухот над Менхетен поради што стотици луѓе мораа да ги напуштат станбените и деловните простории во регионот.