ОБРАЗОВАНИЕ

Слободните деца на Самерхил

By kukuriku

January 13, 2019

Пристапот во образованито на Александар Нил, кој се користи во училиштето Samerhil, има многу поддржувачи и многу противници. Нашето уредништво застапува пристап кон образование што е сосема различно од образованието на Нил, но сметаме дека на овој вид сајт е неопходно да се претстават принципи на кои е заснована  работата на училиштето Samerhil и кој станаа задолжително четиво на студиите по педагогија во многу земји.

Британскиот педагог Александар Сатерлан Нил (1883-1973) основал училиште Samerhil, кое сѐ уште се смета за еден од најзначајните експерименти на прореформска педагогија на 20 век, во која наставата и воспитувањето се поставени  на сосем нови педагошки и психолошки основи. Училиштето е основано во близина на Дрезден, во Германија, во 1921  година, но поради неконвенционална наставна програма набгу е забрането и 1924 година Samerhil се пресели во Англија, задржувајќи го својот изразито инвентивен и експериментален карактер.

Александар Нил ја поддржа идејата на индивидуална педагогија, во која детето е центарот на воспитно-образовниот процес и целата образовна средина се подредени според неговите способности и интереси. Samerhil беше замислен како училиште кое ќе му одговара на детето, а не обратно, и каде што тоа ќе се чувствува такво какво што е. Принципот на Нил се базира на подучување на децата без употреба на средства за принуда и со охрабрување на детската љубопитност и спонтани потреби, со цел да се разбуди интересот на детето за светот околу него. Училиштето беше од интернатски тип, наменето за децата на возраст од пет до петнаесет години. Трошоците за училиштето се плаќаа и ја посетувале  деца од средната класа кои потекнуваат од Англија, САД, европските и азиските земји.

Најголемата иновација на Samerhila е сфаќањето за едукација на нејзиниот основач А.Нил. Според него, целта на образованието е иста како цел на животот: наоѓање среќа (внатрешните чувства на исполнетост, рамнотежата и задоволството од животот). Единственото нешто што е за децата во иднина  важно е да бидат среќни , а не дали тие се високо академски образовани или дали тие ги исполнуваат очекувањата на своите родители.

Продолжува на страна 2

До среќата како највисока цел на Samerhil може да се стигне преку принципите на слободата, рамноправна положба на децата со возрасните, вклучувајќи ги и наставниците, флексибилно разбирање на наставата …

Слобода како основен принцип во наставните програми на воспитно-образовниот процес

Постојат две карактеристики на училиштето за кои повеќето луѓе мислат дека  се навистина необични. Наставата не е задолжителна, децата сами  одлучуваат дали денот ќе го поминат во учење, играње, читање или спиење. Почнуваат да учат само кога (и ако)  ќе почувствуваат потреба за тоа. Не постоеле распореди на часови, како и класични системи за испрашување и оценување. Кога ќе ја задоволат потребата за игра, смета Нил, децата се способни да се посветат на учење, и тогаш постигнуваат подобри резултати од оние  деца кои биле “принудени” да учат, на штета на сопственото детство и играта. “Ако вашето дете се наигра целосно, ќе ги положи приемните испити за факултет по само две години на интензивно учење, наместо да помине вообичаени пет, шест или седум години во некое училиште во кое потребата на децата за игра целосно се игнорира”, смета Нил.

Многу луѓе претпоставуваат дека нема дете кое никогаш не би присуствувало на предавања, а да на тоа не е принудено. Во Samerhil ретко се случувало  детето да не следи ниту едно предавање. По првичниот “шок” кој ја дава слободата, децата наскоро се прибираат и почнуваат да се насочуваат кон нивните интереси.

Друга необична карактеристика на училиштето Samerhil  се училишни состаноци на кои се создаваат, креираат или менуваат законите на училиштето. Овие закони се правилата на училиштето, кои се изгласуваат со мнозинството од учесниците на средбите, а учесниците се членови на наставниот кадар и самите ученици. И едните и другите имаат еднаква гласачка моќ и вредност на гласот.

Samerhil претставува заедница каде што поголемиот број на членови се децата. Наставата (подучувањето) е составен дел на Samerhil, но не и најважниот. Најважниот дел е создавање и одржување на една заедница во која сите припадници (членови)на заедницате можат да коегзистираат во хармонија и хармонични, складни односи, задржувајќи ја личната слобода.

Наставата во Samerhil

Продолжува на страна 3

Нил смета дека децата не се табула раза (празна табла која допрва треба да биде испишана), туку карактеристични личности родени со одредени знаења, вештини и способности. Така и  настава се сведува на она основно: совладување на читање, пишување, и сметање. Наставната програма е зависна од моменталните интереси на учениците. Се изучуваа: математика, англиски јазик, историја, географија, странски јазици. Сепак, овие предмети се “нуделе” само ако децата сакале да ги изучуваат, бидејќи првенствено е почитување на принципите на слободата и личниот избор на детето. По желба, децата можеа да се бават со техника, различно научно експериментирање, со градинарство и бројни уметнички содржини. Посетувале кино, изведувале театарски претстави. Практикувале индивидуални часови како неформални разговори во близина на огништето.

Улогата на наставниците

Наставниците не претставувале авторитет како во денешна смисла. Тие со децата имаат еднаков, рамноправен статус, а понекогаш се добива впечаток дека децата доминираат. На пример, сосема е вообичаено детето да му каже на наставникот дека е комплетен незнајко или будала. Во Samerhil нема казни или ограничувања. Казна  се смета само модификувана омраза на возрасниот, покажувајќи слабост во пресметка со лични, потиснати незадоволства, целосно неповрзани со детските постапки. Така разбрана казна значи создавање страв кај детето, чувство на зависност и блокада на креативениот потенцијал. Од друга страна, однесувањето на децата во Samerhil беше толку ослободено од вообичаените норми на однесување, и речиси и да не постјат причини заради кои би можело детето да биде казнето. Наставниците на децата не им наметнуваат свои ставови или вредносен систем, па дури и не ги запознават со основните морални принципи. Најдобрите наставници се оние “кои се смеат со децата, додека најлоши се оние кои се смеат на сметка на децата кои ги поучуваат.”

Односот на родителите и децата, важноста на родителите за детски среќен живот

Продолжува на страна 4

Нил вели: “Не постојат проблематични деца, туку само проблематични родители и проблематично човештво!” Со ова уште еднаш сакаше да ја нагласи важноста и одговорноста на улогата на наставниците во среќниот раст и развој на личноста на детето. Нил верува дека тешко дете секогаш станува тешко, заради погрешниот третман во неговиот дом. Со тоа за процесот на образованието сугерира зборот третман – лечење од несреќата. “Единствениот третман кој треба да се применува кај децата е лекување од несреќа. Тешко дете е дете кое е несреќно. Тоа е во војна самото со себе, па оттука и во војна со светот.”

Како среќата може да биде подарена?

Александар Нил истакнува дека треба да му дозволите на детето да биде тоа што е. Не треба да му се  проповеда, принудува да прави нешто, да се крева глас на него. Но, исто така, укажува дека слободата не значи целосно отсуство на правила. На детето не треба да му биде дозволено да ги наруши личните права на другите. Родителите мора да направат разлика помеѓу слободата и распуштеноста.

Значаен став на Нил е дека за здраво и среќно дете е важно родителите да се задоволни, среќни и исполнети. Љубовта како основа на среќен брак и среќно семејство е од клучно значење за развојот на детето. Брачниот живот без љубов значи несреќен дом, а несреќна атмосфера значи психичка “смрт” за детето. Детето апсорбира и восприема родителска анксиозност, и чест резултат на сето ова е хипохондријата.

На Александар Нил и на неговото училиште Samerhil беа упатени многу забелешки. Пред сѐ на негативениот став кој го има за надворешните фактори (од родителите до окружувањето-животната средина), при што на некој начин се создава изолирана  средина од надворешните влијанија во кои детето расте. Оставањето на детето целосна слобода во одлучувањето дали ќе учи (ќе посетува настава) или ќе игра е уште една критика која не може да се избегне.

Резултатите покажуваат дека иако Samerhil ја поддржува идејата за слобода во служба на развојот на сиот креативен потенцијал на детето, сепак надвор од ова училиште не создало ниедно особено или генијално дете. Највисоките достигнувања на учениците се дека станаа пронаоѓачи, актери, уметници, неколку од нив научници, математичари.

Продолжува на страна 5

Исто така, многу од принципите A.Nil се екстремни, знаеме дека тие не се најдобри,  и не се во интерес на децата. Ова се однесува на обезбедување слобода на децата, моралните принципи да ги усвојуваат со свое темпо и на свој начин, без влијание на возрасните. Меѓутоа, неспорно е дека Нил се обиде од своите често несреќни и деликвенти ученици да развие среќни и емоционално интелигентни личности. Во својот “Нов Samerhil”, тој вели, “сите зла на цивилизацијата произлегоа од фактот дека ниедно дете не се наиграло доволно. Поточно, секое дете е турнато во калапот на зрелоста многу пред тоа да стигне до соодветната возраст и зрелост.”

Училиште Samerhil постои и денес. Се наоѓа во Lejston (Англија). Постојат околу сто ученици. Иако работи по слични принципи како и во време на А. Нил, не е до тој степен предмет на жестоки дебати.

Денес, современите генерацији често изгледаат “распуштено” како да  излегле од училиште Samerhil, а при тоа не се слободни. Наместо тоа, ограничени  се со бројот на забрани, родителска очекувања, претерани амбиции дека во ова и вакво општество ќе успеат само ако … а листата на она што треба да го исполнат е сѐ е подолг. И покрај општата борба за правата на детето, како да има сѐ помалку слобода за децата. Иако современата педагогија застапува став дека одреден степен на авторитет, дисциплина и правила на однесување се неопходни за здрав и среќен детски развој, важно е да се даде слобода на децата нешто самостојно и да одлучат и да имаат рамноправен глас со возрасните.

Нил е критичар на современото општество, кое според него развива човек на масата. Тој не се обидува да ги поучи децата како да се вклопат во постојниот поредок. Тој се одлучува за целосен развој на личноста наместо целосен пазарен успех. Според зборовите на Ерих Фром, A.Нил се обиде да воспитува среќни деца, чии вредности не се состојат во фактот дека треба многу да имаат, и многу да трошат, туку треба многу да БИДАТ.

Преземано од Дете Плус, автор на текстот Јелена Костиќ