Ананасот е нискокалорично овошје со само 46 калории на 100 грама. Од тие причини диетата со свеж ананас е поефикасна. Со неа за пет дена може да изгубите до 3 килограми.
Циклусот на оваа диета трае пет дена, а циклусите може да се повторуваат најмногу до 30 дена. Потоа треба да направите пауза.
Деновите на диетата се делат на парни и непарни, а тоа значи дека дневното мени се разликува во зависност од денот. Тоа што е универзално се најмалку две шолји дневно зелен чај и една чаша обична вода наутро пред појадок.