Евгениј Пригожин станува моќен фактор во Белорусија, во време кога граѓаните на земјата се прашуваат дали Кремљ бара луѓе кои ќе го наследат нивниот претседател, вели дописничката на Sky News од Москва, Diana Magnay.
Таа тврди дека Владимир Путин благо ја анектирал Белорусија, а Александар Лукашенко, кој неодамна бил многу болен, е под негова контрола.
Се уште не е јасно што се случило
– Има уште многу прашања што треба да се постават за тоа што се случи во последните 24 часа, но мислам дека на Украина не и е многу удобно што Пригожин сега ќе биде моќен човек во Белорусија, ако Лукашенко му дозволи – или, ајде да го ставиме тоа на овој начин, ако му дозволи Путин. Мислам дека не видовме се од Евгениј Пригожин, тој сега е на многу важна позиција за Русија – изјави Magnay.
Но, таа додаде дека Владимир Путин навистина изгледа многу слаб бидејќи на Вагнер му дал слободна пропусница откако јавно ги обвинил за предавство.
– Се чини дека сè беше решено пребрзо за да биде вистина – додава таа.
Дали Лукашенко навистина е пријател со Пригожин 20 години?
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјавил дека преговарал за примирје со Пригожин, кого лично го познава 20 години, за што Москва му се заблагодарила.
– Исто така, не мора да верувам дека Лукашенко е стар пријател на Пригожин веќе 20 години, како што сугерираат од Белорусија и од Русија – рече Magnay.