Логата на најпознатите светски компании не следат кај и да одиме. Ги гледаме на ТВ реклами, на пат, на маици и слично.
90% од нас нема поим за значењето на овие навидум апстрактни линии. Дали сакате да дознаете?
Еве објаснување за логотипите на најпознатите светски брендови!
1. Durex
Дурекс е кратенка од издржлив, сигурен и совршен.
Продолжува на страна 2
2. Le Tour De France
Иако милион пати досега сте го виделе логото на познатата велосипедска трка Le Tour De France, големи се шансите никогаш да не сте забележале слика на велосипедист скриена меѓу буквите. Проучете внимателно и ќе забележите дека буквата Р го формира телото на велосипедистот, а во тркалото на велосипедот сместено е сонцето.
3. Pepsi
Во чест на “Ден на мртвите” во Мексико, Pepsi отпчатил една линија шишиња со обратно лого. Повеќето клиенти мислеле дека станува збор за едноставен производствен дефект, но некои, особено паметните потрошувачи, сфатиле дека превртеното лого на Pepsi “isded” всушност значи “мртов”.
Продолжува на страна 3
4. Nike
Студентката Carolyn Davidson добила хонорар од 35 долари за ова лого дизајнирано 1975 година. За знакот добила инспирација од крилјата на на божицата Ника, божица на победата.
5. FedEx
Повеќето луѓе не ја забележуваат стрелата формирана од празниот простор помеѓу буквите “Е” и “Х”. Но, кога ќе го видите, ќе го забележите секогаш кога ќе го погледнете повторно. Тоа е она кон што креаторите се стремеле: стрелката влијае на потсвеста на клиентите, симболизирајќи ја брзината и сигурноста на оваа курирска услуга.
Продолжува на страна 4
6. Goodwill
Goodwill е невладина организација која собира храна, облека и др. за да ги задоволи основните потреби на луѓето. Вработените во организацијата веруваат дека помагањето на другите не треба да биде реткост, туку секојдневна активност.Нивното лого е буквата г, а кога се загледате личи на среќно лице.
7. Mitsubishi
Основата на ова лого се состои од врвот на куќата на Iwasaki, основачот на Mitsubishi. Грбот е прикажан со три дијаманти наредени еден врз друг. Дијамантите претставуваат сигурност, интегритет и успех, додека црвената боја значи самодоверба. Покрај тоа, Јапонците веруваат дека оваа боја помага да се привлечат клиенти.
Продолжува на страна 5
8. Gillette
На прв поглед, ова лого изгледа дека нема скриено значење. Но, ако ја погледнете буквата g и i, ќе откриете дека тие ја имитираат формата жилетот.
9. Google
Дизајнерите на логото на Google користеле три главни бои: црвена, жолта и сина. Можете да забележите дека нивниот изглед во рамките на логото подлежи на специфичен алгоритам. Но, зелената буква паѓа во целата логика, и тоа јасно значи дека е најважната буква во зборот. Со ова неочекувано зеленило, се чини дека дизајнерите имплицираат како Гугл размислува да ги сруши стереотипите и дека не игра според вообичаените правила.
Продолжува на страна 6
10. Chanel
Приказната за ова лого е посебна и романтична. Дизајнирано е од Coco Chanel додека живеела во замокот Château Crémat во Ница.Според легендата, знакот бил инспириран од сводовите на замокот. Двете букви c се иницијали на замокот, но и на креаторот.
11. McDonald’s
Дизајнерот на првиот ресторан на McDonald’s дошол со идеја да ја украси зградата со две големи златни лакови. Овие архитектонски карактеристики брзо станале симбол на брза храна. Подоцна компанијата сакала да го замени логото со друго, но психологот Louis Cheskin го убедил менаџментот да го задржи. Тој тврдел дека симболот изгледа слично на женски гради и со тоа ги потсети луѓето за нивното безгрижно детство.