Скандал во кралското семејство | Откриена е вистинската причина за раскинувањето на Вилијам и Кејт 

892

Иако Кејт и Вилијам денеска се пример за среќен кралски брак, сепак тие едн кус временски преиод во 2007 година биле раскинати за кое се зборува деновиве.

Причината за тоа раскинување експертот за кралски односи ја наоѓа во нејзиното потекло, односно семејството Мидлтон.

Сè, наводно, се случило по ултиматумот за веридбата што Кејт го поставила за Вилијам.

Поранешниот кралски уредник Ларкомбе Данкан, кој се појавил во документарецот на Амазон “William & Kate: The Journey”, не е убеден во таа приказна и смета дека на раскинувањето голем удел имало семејството на Кејт Мидлтон.

“Еден од моите теории е дека тие раскинаел поради нејзиното потекло, поточно, заради заднината на нејзиното семејство”, го пренесува своето размислување Ларкомбе за Daily Mail.

Ларкомбе своето уверување го базира на добро познатиот факт дека пријателите на Вилијам секогаш кога би ја виделе Кејт, се шегувале на сметка на нејзината мајка, која работела како стјуардеса, извикувајќи една фраза која ја користи екипажот на воздухопловот “doors to manual”.

“Палатата ова категорично го отфрла, но се осмелувам да кажам дека еден или двајца луѓе многу блиски до Вилијам се со исто размислување”, вели Ларкомбе.

Мајката на Кејт Мидлтон, Карол, доаѓа од работничка класа и потомок е на сиромашни рудари и градители, а ја започнала својата кариера како стјуардеса, додека таткото на Кејт, Мајкл, бил диспечер на авиони за British Airways. Но, и покрај скромните почетоци, растењето на Кејт се одвивало нормално без икакви недостатоци. Карол основала семејна компанија Party Pieces и со продажбата на забавни програми за деца преку интернет собрала мултимилионско богатство. Семејниот дом во Беркшир е во вредност повеќе од еден милион фунти, станот во Челзи во вредност од 750.000 фунти платен е кеш, а трите деца оделе во приватно училиште со годишна школарина од 27.000 фунти (околу 40 000 евра).

Карол и Мајкл, родителите на Кејт, Вимблдон 2018 

Кејт и Вилијам се запознале на факултет, а раскинувањето се случило по пет години врска.

Принцот Вилијам, наводно, сакајќи да ја избегне грешката која неговите родители ја направиле со брзата венчавка, отворил ново поглавје во својот живот и станал војник.

Иако со веста за нивниот престанок биле исполнети медиумите, Кејт била преокупирана со влегувањето во лондонскиот џет-сет, нивниот однос го држела во дискреција. До средината на мај, тие разговарале само по телефон, а потоа во јуни Кејт е регистрирана на костимирана забава во касарната на Вилијам. Во август заминале на Сејшели, каде Вилијам ветил дека ќе ја запроси.

Се вериле во октомври 2010 година, а се венчале во април следната година.

Во интервјуто по повод нивната веридба и двајцата признале дека краткиот период на раздвојување била нивната најдобра одлука.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback !!! 

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк:

Cashback World | Cashback – Враќање пари при секое купување