Пиењето ракија не е само еден вид доказ за мажественост, ниту пак е статусен симбол во случај да пиете квалитетна ракија.
Употребата на ракија може да донесе неколку здравствени придобивки – секако, ако не претерате со количините.
Ако подобрата половина или некој ве нападне поради дружењето со ракијата, дајте еден од овие аргументи.
Го продолжува животот
Прекумерното количество ракија и кој било друг алкохол дефинитивно ќе го скрати вашиот животен век, но умереното количество може да го продолжи. Тоа е затоа што антиоксидансите помагаат во борбата против слободните радикали, кои се главната причина за староста.
Го ублажува стресот
Ако го пиете умерено, ракијата делува на нервниот систем, затоа ве опушта. Повторуваме – само ако го пиете умерено.
Го намалува ризикот од мозочен удар и срцев удар
Најдоброто од ракијата е што спречува формирање на наслаги на холестерол во вашиот кардиоваскуларен систем и ви помага да ја намалите количината на холестерол. И сето тоа драстично го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.
Помага во спречување на настинка
Веројатно не сте знаеле дека ракијата може да послужи како одличен сируп за кашлица. Алкохолот помага и при уништување на сите бактерии во грлото. Најдобар ефект ќе постигнете ако го измешате со топла вода и лимон.
Не дебелее
Еве одличен аргумент – за разлика од газираните, па дури и некои „природни“ сокови, ракијата е нискокалоричен алкохол! Пиењето ракија го намалува холестеролот во крвта и не ја зголемува тежината.