Не е смртта таа од која луѓето најмногу се плашат, туку доаѓањето до крајот на животот, само за да сфатите дека никогаш навистина не сте живееле.
Постои една студија спроведена во болница на сто постари луѓе кои умираа соочувајќи се со последниот здив. Беа замолени да размислат за своите најголеми каења во животот.
Речиси сите одговориле дека не жалат за она што го направиле, туку за работи што не ги направиле. Ризикот кој никогаш не го преземале. Соништата кои никогаш не ги оствариле.
Дозволете ми да ве прашам, дали вашите последни зборови ќе бидат: “Само да сум …”
Еј ти, разбуди се, зошто постоиш?
Животот не е мит, само да работиш за да го дочекаш викендот и да ги платиш сметките.
Не, јас не знам многу, но знам ова. Секој човек на оваа планета има дарба, а јас им се извинувам на афро-американската заедница, но веќе не можам да глумам. Мартин Лутер Кинг? Тој човек никогаш немал сон. Тој сон го имал него.
Видете, луѓето не ги избираат своите соништа. Соништата ги избираат нив. Затоа, прашањето до кое доаѓам е: Дали имате храброст да се фатите за сонот што ве избрал? Оној кој ви одговара, кој ве држи. Или ќе го пуштите да си оди и ќе го преспиете …
Дали знаете дека научив еден факт за авионите пред неколку дена?
Ова беше изненадување.
Продолжува на страна 2
Разговарав со пилотот и тој ми кажа дека многу патници мислат дека опасно е да се лета со авион. Но, тој рече дека, всушност, поопасно е кога авионот ќе остане на земја.
Јас реков: Што?! Како е можно тоа?
Тој ми рече: Затоа што на земјата авионот почнува да ‘рѓа, да се расипува и распаѓа, многу побрзо отколку кога е во воздухот.
Како заминував, помислив: Да, има потполно смисла. Бидејќи авионите се направени за да живеат на небото, и секој човек е направен да го живее сонот што го има во себе. Поради тоа, тоа е можеби најголемата загуба, да се живее на земјата, а никогаш да не полетате.
Видете, повеќето од нас се плашат од крадецот кој доаѓа во текот на ноќта да ги украде нашите работи, но постои крадец и во вашиот ум, кој е во потрага по вашите соништа. Неговото име е СОМНЕЖ.
Ако го видите, повикајте полиција и чувајте го подалеку од децата, бидејќи тој е баран за убиство. Убил повеќе соништа отколку што неуспехот некогаш направил.
Тој има многу маски и како вирус ќе ве остави слеп, одвоен и ќе ве претвори во “некако”.
Видете, тоа “некако” е како … вие знаете што е тоа, тоа е многу “некакви” луѓе.
Вие “некако” сакате промена во својата кариера, вие “некако” ги сакате најдобрите коментари, вие “некако” сакате да бидете во форма.
Едноставна математика, без броеви и делења.
Ако “некако” сакате нешто, тогаш “некако” ќе дојдете до резултатот што го сакате.
Кој е вашиот сон? Што ве охрабрува?
Вие не можете “некако” да сакате нешто? Морате да го сакате со секој дел од вашето срце.
Продолжува на страна 3
Дали ќе се мачите? Да, да. Вие ќе се намачите.
Нема обиколница. Ќа паднете многу пати, но кој брои. Запоменете само, не постои такво нешто како мазна и тивка планина. Ако сакате да се стасате до врвот, кратките мостови мора да се поминат.
Ќе дојде време кога ќе има стресови, работи околу кои ќе бидете депресивни.
Но, дозволете ми да ви кажам нешто. Стивен Спилберг беше одбиен од филмската школа три пати. Три пати! Но, тој продолжи понатаму. Уредникот на една ТВ станица ѝ даде отказ на Опра велејќи дека не е соодветна за телевизија. Но таа продолжи понатаму. Критичарите велеа за Бијонсе дека не може да пее. Беше во депресија, но таа продолжи понатаму.
Борбата и критиките се предуслови за величенственост. Тоа е закон на универзумот од кој никој не избегал. Затоа што болката е дел од животот. Но можете да одберете што сакате, болката и патот до успехот или болка која ќе ве прогонува со каење.
Сакате мој совет?
Не размисувајте два пати. Дадена ние дарба која ја нарекуваме живот. Затоа, не го уништувајте.
Вие не сте дефинирани со своето минато, туку сте родени како нови секој пат. Затоа, имајте го сега.
Понекогаш ќе мора да скокнете со раширени крилја на патот надолу. Подобро би ви било да успеете пред истекот на часот. Бидејќи во животот нема продолжение. Нема втора шанса.
Знам дека звучам како да проповедам, и зборувам на сила. Но, ако не ја искористите вашата дарба, тогаш не само дека не сте свој, туку и целиот свет ќе ви биде ускратен.
Затоа, кои уверувања имате во главата? Кои идеи? Кои лекови? Која вештина ја имате во себе за да се појавите надвор во овој универзум?
УНИ значи ”една”, ВЕРЗУМ значи ”песна”.
Вие имате улога во оваа песна, затоа грабнете го микрофонот и бидете храбри. Пејте со сето свое срце на оваа животна сцена. Не можете да се вратите назад и да почнете од почеток.
Но, можете да почнете сега и да направите сосема нов крај.