Сите џамии во Србија се затворени

124

Мешихатот на Исламската заедница во Србија денеска одлучи да ги затвори сите џамии заради влошување на епидемиолошката состојба и зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот во Србија, особено во областа на Санџак.

Одлуката е донесена со цел да се спречи и шири инфекцијата преку џамиите, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Исламската заедница во Србија, кое го потпиша претседателот на Мешихатот, муфтијата Мевлуд еф. Дудиќ

Како што е наведено, сè додека не се подобри епидемиолошката состојба, молитвите ќе ги извршуваат само имами и муезини, а се препорачува сите џенази да започнат од семејни куќи, како и верниците да се поклонуваат во согласност со можностите, пред џамиите или локалните гробишта, во присуство само на најтесното семејствп.