Сите 700 заболени од Ковид-19 на луксузниот крузер „Дајмонд принцес“ имале една заедничка работа | Видео

464

Неодамна објавената генетска анализа покажува дека само едно лице било изворот на инфекција на 700 лица на туристичкиот крстаречки брод „Дајмонд принцес“, едно од првите жаришта на Ковид-19 во светот.

Овој брод стана идеален предмет за студии и е богат со лекции за светската научна заедница.

Во студијата објавена во американското списание PNAS, тимот на јапонскиот институт за инфективни болести известува дека тие ја имаат геномската секвенца на вирусот земен од 148 патници и членови на екипажот на тој брод, кој јапонските власти ја ставија во карантин 14 дена на 3 февруари во пристаништето Јокохама. 80-годишниот патник, кој претходно се симнал од бродот во Хонг Конг, тестиран е позитивно на вирусот на 1 февруари.

Сагата за карантинот на повеќе од 3.600 патници и членови на екипажот беше проследена низ целиот свет, а Јапонија беше критикувана поради тоа што не дозволи бродот да биде евакуиран, додека држави како што се Соединетите држави ги мереа ризиците да ги вратат своите граѓани дома.

На крајот, околу 700 од вкупно 3.711 лица кои се наоѓале на бродот биле заразени со коронавирус, од кои седум починале.

Проучувањето на податоците добиени од тој затворен простор на инфекција, доведе до први проценки на смртност од коронавирус (1,2 процент), сооднос на асимптоматски лица (18 проценти). Најмалку триесет студии кои ја разгледале ситуацијата со тој брод се спроведени уште од февруари, според сајтот kovid19.com.

Нова генетска анализа на материјалот од бродот покажува дека сите вируси кои се наоѓаат таму ја делат истата мутација, што укажува дека ширењето на САРС-КоВ-2 на бродот „Дајмонд принцес“ потекнува од само еден влез, пред почетокот на карантинот, заклучуваат јапонските научници.

Инфекцијата веројатно се раширила за време на големите собири на патници во заедничките простории каде играле, пееле, купувале и присуствувале на настапи.