Синот на пациентот кому му беше трансплантирано срце | “Еднаш докторите го вратија меѓу живите, сега тоа го прават уште еднаш”

191

Васил Огњановски, синот на пациентот кому ноќеска му беше трансплантирано срце изрази големо сочуство до семејството на починатата жена од кое неговиот татко го доби срцето.

– Пред се едно големо сочуство и големо благодарам до фамилијата што со донирањето спасија три животи, од кој еден е животот на татко ми, рече Огњановски.

Како што посочи, се се случило многу бргу. Им било јавено пред два дена дека е најдено срце и дека ќе биде извршена првата ваква трансплантација кај нас.

– Операцијата се направи. Полека го будат. Очекувањата се големи. Еднаш докторите го спасија, го вратија меѓу живите, сега тоа го прават уште еднаш и едно многу големо благодарам за нив. Во државата имаме многу дорби доктори што ќе спасат милиони животи, рече Васил, синот на пациентот кому му е трансплантирано срце.

Тој би сакал да се сретне со семејството на донаторката, но пред се, како што кажа, би сакал прво да стивне нивната болка, па потоа да се запознаат, и тој и неговиот татко.