Синоќа серија верижни земјотреси ја стресоа Македонија

145

Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтерoвата скала беше регистриран 17 минути пред полноќ по локално време во близина на границата на Грција со Северна Македонија, а беше почувствуван и во нашата земја.

Според Геодинамичкиот инсититут на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил шест километри северозападно од градот Лерин.

За нешто помалку од 40 минути по силниот земјотрес, во поширокиот регион на Лерин беа регистрирани уште седум помали земјотреси, од кои еден од 4,2 степени, еден од 3,9 и два од 3,5 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.