Силен земјотрес повторно ја потресе Грција

564

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во Грција во 17.06 часот, пренесе ЕМСЦ.

Епицентарот бил на длабочина од 38 километри и 15 километри јужно од градот Аигло и 28 километри југоисточно од градот Патра, а се уште нема информации за евентуална штета.

Ова е само еден од низата земјотреси забележани во регионот, откако пред два дена беше регистриран земјотрес од 4,5 степени во близина на грчкиот град Лариса