СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС КАЈ ЗАДАР (Хрватска)

187

Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди поширокото подрачје на Задар денес во 14,15 часот.

Земјотресот е почувствуван во голем дел од Далмација, во Бихаќ и Велика Кладуша (БиХ), како и во Загреб, пренесува хрватскиот Iндекс.

Хина известува дека засега нема извештаи за повредени или материјална штета, но Вечерњи лист наведува дека во центарот 112 биле информирани дека ѕидовите на една куќа во Сливница Доња биле распукани од земјотресот.

Вечерњи наведува и дека една жена од Госпиќ изјавила дека паднала фасадата на нејзината куќата.

Епицентарот бил на 16 километри северозападно од Поседарје, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Вечерњи наведува и дека епицентарот бил на длабочина од два километри, а Индекс дека бил на длабочина од 10 километри.

Хина известува дека вознемирените граѓани ги напуштиле своите домови во страв, пренесува Танјуг.

Силниот потрес се почувствувал во сите делови на округот Задар, на островите Угљан и Пашман, на Муртер, во Водице, Шибеник, Дрниш и Книн во соседната област Шибеник-Книн, како и во Лика.

„Засега немаме податоци за материјална штета, но знаеме дека земјотресот се почувствува во голема област на Хрватска, од Задар, областа Задар, околу Сплит, па дури и во Загреб го почувствувале. Се манифестирал силно на пошироко подрачје“, изјави сеизмологот Крешимир Кук за телевизијата Н1.